Македонија

Рудник Саса одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот

По тој повод реализирани се серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации како што информираа од компанијата се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи.

Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат засадени 20 нови дрвја во паркот „Младост“ во Македонска Каменица, кој претходно беше изграден токму со поддршка од Рудник Саса.

За потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, претходно дониран е дрон и соодветна обука за негово користење, со кој се овозможува ефикасно и рано откривање на шумски пожари и пожари на непристапни терени. Дополнително, обезбедени се комплет спортски дресови и шорцеви за сите членови на младинските категории на трите локални спортски клубови, како и нови едиции на книги за локалната библиотека, метални рафтови за Дневниот центар за лица со попреченост, шкафови за потребите на КУД „Вера Јоциќ“, како и компјутери за средното училиште во Македонска Каменица. Исто така, договорени се и донации за детската градинка и основното училиште во Македонска Каменица, согласно нивните веќе утврдени потреби.

-Денешниот јубилеј не е само можност да се потсетиме на едно важно поглавје од историјата на Рудник Саса, туку и да им се заблагодариме на луѓето и заедницата кои беа и остануваат дел од нашата приказна. Рудникот и заедницата отсекогаш биле силно поврзани и заедно ги споделувале и предизвиците и успесите. Затоа, по повод 20 години од рестартирањето, сакавме токму преку конкретни активности и поддршка да покажеме дека нашата посветеност кон локалната заедница останува силна и долгорочна. Горди сме на сè што е постигнато во изминатите две децении и остануваме фокусирани на безбедно, одговорно и одржливо работење, во интерес на нашите вработени, нивните семејства и целата заедница“, изјави Џејмс Караматич, генерален директор на Рудник Саса.

Одбележувањето на 20-годишнината носи и силна симболика. По затворањето на рудникот во 2003 година, Македонска Каменица и регионот се соочија со три тешки години исполнети со неизвесност, губење на работни места и сериозна загриженост за иднината на локалната заедница. Рестартирањето на Саса на 12 јуни 2006 година означи почеток на нов период на надеж и развој.

Во годините што следуваа, а особено по влезот на меѓународната рударска групација Central Asia Metals (CAML) во 2017 година, Рудник Саса помина низ значајна трансформација и модернизација. Во овој период се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари во модерна опрема, нови технологии, развој на рудникот, безбедност, заштита на животната средина и професионален развој на вработените. Како дел од овие инвестиции, реализирани се и капитални проекти кои овозможија Саса денес да се вбројува меѓу најсовремените рудници во регионот.

Истовремено, во последните неколку години Рудник Саса директно се инвестирани значајни средства во поддршка на луѓето и развојот на локалната заедница. Преку својата Фондација, како и преку бројни општествено одговорни иницијативи, поддржани се голем број проекти во областа на образованието, здравството, социјалната заштита, спортот, културата, животната средина, претприемништвото и локалниот економски развој.

Оваа година за Рудник Саса има дополнително значење, бидејќи покрај 20 години од рестартирањето, во ноември ќе се навршат и 60 години од официјалниот почеток со работа на рудникот. Во текот на шесте децении постоење, Саса има клучна улога во економскиот и општествениот развој на Македонска Каменица, источниот регион и целата држава, а денес претставува современ рудник кој работи согласно највисоките меѓународни стандарди за безбедност, одговорност и одржливост.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на маакедонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

To top