Македонија

Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Демографски аларм

Македонија континуирано го губи младото население, а последиците од демографскиот пад веќе се чувствуваат и во образованието. За само десетина години бројот на средношколци од над 20.000 е намален на околу 14.000. Сè помалиот број на првачиња ќе се одрази и врз средното и врз високото образование.

На најстариот универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, во последните години годишно се запишуваат околу пет до шест илјади студенти. Во првиот уписен рок годинава се запишале околу 4.700, а се очекува бројката да надмине 5.000, меѓу другото и поради странските студенти. Но, според ректорката на УКИМ, Ангелова, без системски мерки тешко ќе се запре континуираното намалување на идните студенти и академски граѓани.

„Сметам дека е алармантна појава и дека мора да се преземат системски мерки да се задржат пред сè младите луѓе во земјава, да се креираат мерки со кои што ќе им се обезбеди сигурност, вработење со цел да имаме што повеќе млади луѓе и сите да останат во земјава, за да може перманентно оваа појава во континуитет во иднина да почне да се менуваат состојбите и да се зголемува бројот на млади луѓе“, 03.42 – вели Билјана Ангелова, ректор на УКИМ.

И додека државата бара начин како да ги задржи младите во земјава, во Струга учениците се соочуваат со проблем кој директно ги засега. Од 1 септември ќе останат без организиран превоз до училиштата. Превозниците втор ден бојкотираат, бараат исплата на заостанатите долгови, но и повисока цена на билетите. Долгот од 60.000 евра, направен во време на Рамиз Мерко, ќе се исплати до крајот на годинава, уверува актуелниот струшки градоначалник.

„Нормално, се чека на Советот да помине и тоа покачување на цената. Но, можам да ги уверам сите возачи и транспортери дека сите долгови, и оние што се од пред две-три години што останале од другата власт, ќе се исплатат. Но, нормално, треба малку да се почека, да добиеме на време, затоа што не се само тие долгови, има и други долгови“, 15.02 – вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Свесни дека најмногу ќе трпат учениците, превозниците сепак не отстапуваат, бараат целосна исплата на долгот и повисока цена на билетите.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

Како вештачката интелигенција би можела да го уништи човештвото?!

Во најцрните сценарија, вештачката интелигенција може да се користи за развој на смртоносни патогени и поразорни оружја. Но, ова не значи дека нè чека ваква иднина, туку ова се само потенцијални ризици, а не сигурни предвидувања.

(Фото): Нови можности за соработка, инвестиции и размена на искуства – ИНОВА ги поврзува македонскиот и израелскиот иновациски екосистем

ИНОВА ја цени поддршката и институционалната координација од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализацијата на посетата, како и придонесот на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и М6 Едукативниот центар во успешното реализирање на програмата и срдечното гостопримство кон израелската делегација.

To top