Македонија

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка. Возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top