Македонија

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека Galaxy S26 серијата и Galaxy Buds4 серијата се достапни во Северна Македонија. Како трета генерација уреди со вештачка интелигенција на Самсунг (“Samsung“), уредите Galaxy S26 Ultra, Galaxy S26+ и Galaxy S26 овозможуваат најинтуитивно и проактивно Galaxy AI искуство досега, помагајќи им на корисниците да постигнат повеќе во помалку чекори.

По глобалниот настан за претставување на уредите “Galaxy Unpacked“, новолансираната Galaxy S26 серија предизвика исклучителна побарувачка во периодот на нарачки, со бројки во претпродажбата кои ги надминуваат претходните рекорди и бележат двоцифрен пораст. Премиум моделот Galaxy S26 Ultra брзо се издвои како најистакнат модел, избран од повеќе од 70% од корисниците ширум светот во периодот на претпродажба.

Samsung Unpacked 24. Februar 2026

Во Европа, серијата Galaxy S26 ги надмина бројките за претпродажба на годишно ниво (YoY) уште од самото објавување. Galaxy S26 Ultra забележа пораст на нарачки од 20% на годишно ниво ширум Европа, а исто така бележи и зголемување од 10% во уделот на нарачки во споредба со 2025 година.

Galaxy S26 Ultra: Онаму каде што иновацијата предводи

Galaxy S26 Ultra ги обединува најнапредните иновации на “Samsung“ во еден уред – моќен перформанс, водечки систем камери во индустријата, напредна интуитивна Galaxy AI вештачка интелигенција и првиот во свет уред со вграден Privacy Display екран.

Privacy Display екранот, кој доби плеада пофалби уште од неговото претставување, е пресвртница во технологијата на екрани што фундаментално го менува начинот на кој приватноста може да се заштити на самиот телефон на ниво на пиксели. Дизајниран за секојдневни ситуации, хардверот и софтверот работат како едно, за да ја заштитат приватноста без да го компромитираат секојдневното искуство на гледање

Создаден за целодневни перформанси, Galaxy S26 Ultra ги испорачува најмоќните перформанси во Galaxy S серијата досега, напојуван од прилагоден мобилен процесор, Snapdragon® 8 Elite Gen 5 Mobile Platform за Galaxy, со значителни подобрувања кај централната процесорска единица (CPU), графичката процесорска единица (GPU) и невралната процесорска единица (NPU), за да овозможи побрзо, поглатко корисничко искуство во текот на денот.

Galaxy S26 Ultra исто така го има и најинтуитивното и најпријателското корисничко искуство на “Samsung“ со вештачка интелигенција до сега. Функциите како “Now Nudge”, овозможуваат проактивни и релевантни сугестии базирани на свесност за контекстот, додека Now Brief прикажува навремени потсетници за важни настани. Изборот на агенти исто така им помага на корисниците да ги завршат активностите поедноставно, со притискање на едно копче или со гласовни насоки.

Galaxy S26 Ultra се надоврзува на водечкиот во индустријата, систем на камери на “Samsung“ беспрекорно интегрирајќи го креирањето, уредувањето и споделувањето во еден интуитивен работен процес. Функцијата Nightography Video придонесува кон креирање живописни снимки дури и при слаба осветленост, а “SuperSteady” функцијата пристигнува со нова опција за хоризонтално заклучување за поголема стабилност, дури и при динамично движење. Уредувањето е подеднакво едноставно и лесно. Со надградената функција “Photo Assist”, корисниците може да ги усовршат фотографиите и да ја изразат нивната креативност едноставно со опишување на она што го сакаат со сопствени зборови, додека “Creative Studiо” им овозможува на корисниците едноставно да ги претворат нивните идеи во средени визуелни решенија – од налепници (stickers) и покани, до персонализирани позадини.

Galaxy Buds4 Серија: Супериорен Hi-Fi звук и ергономски дизајн

Корисниците може да ги збогатат можностите на Galaxy S26 со новата Galaxy Buds4 серија која ги интегрира најнапредните аудио и иновации во сегментот уреди за носење на “Samsung“, заедно во едно беспрекорно искуство. Galaxy Buds4 Pro и Galaxy Buds4 носат супериорен hi-fi звук и секојдневна носивост за да го достигнат најдоброто искуство при слушањето ширум Galaxy Buds сериите досега. Buds4 серијата воспоставува нов култен “blade“ дизајн со гравирана контрола со притискање (pinch control) и ултра-глатко ергономско прилегање, постигнато со анализирање на стотици милиони податоци за слушање и реализирање на преку 10.000 симулации за да се оптимизираат за целодневно носење и удобност. Моќните хардверски и софтверски иновации на Buds4 Pro како поширок вуфер, напреден Адаптивен Еквилајзер (Adaptive Equalizer) и Активно поништување на бучава (Active Noise Cancellation)овозможуваат богат звук со полн спектар, верен на оригиналната снимка. Со интеграција на неколку агенти за вештачка интелигенцијаи интуитивни контроли без допир (hands-free), Buds4 серијата станува природен придружник на Galaxy S26, проширувајќи ги секојдневните искуства надвор од самиот телефон.

Започнувајќи од денес, 11 март 2026 година, Galaxy S26 серијата е достапна за купување во Северна Македонија преку продажните партнери на “Samsung“ и преку официјалната страна на “Samsung“. Серијата Galaxy S26 се одликува со обединет дизајнерски јазик кај сите модели, достапни во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. Серијата Galaxy Buds4 е достапна во два модела – Galaxy Buds4 и Galaxy Buds4 Pro, со препознатливи бои – бела и црна со рафинирана мат завршница.

За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија и за Galaxy Buds4 серијата, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

To top