Македонија

Саракинов: СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски и се во тајна коалиција со него

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици.

vmro-dpmne.org.mk

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици. Токму ваквите згради зад мене се причината и заради која СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски и се во тајна коалиција со него, пуштајќи го нивниот партиски кандидат низ вода, изјави денеска носителот на кандидатската листа за советници во скопски Карпош Христо Саракинов.

-Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски во својата изборна програма од 2021 година вети ни помалку ни повеќе туку 250.000.000 м2 нови зелени површини во општината, изјави Саракинов.

Тој додаде дека, четири години потоа во Карпош не само што нема нови зелени површини, туку и постоечките се уништени, не се одржуваат, а наместо зеленило имаме десеткатници каде вообичаено би требало да има куќи за индивидуално домување или помали згради.

„Ова овде зад мене е дел од Тафталиџе, кое некогаш беше најмирната населба во Карпош, сега е пренатрупана со згради вез никаков план за хумано живеење.

Вака изгледа кога профитот ќе се стави пред хуманото урбано живеење. СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски за да да продолжи.

Глас за Стевчо Јакимовски е глас за забрзана бетонизација на секој чекор, уништено зеленило и повеќе профит во џебот на урбаната мафија на СДС, Филипче и Заев“, изјави осителот на кандидатската листа за советници во скопски Карпош Христо Саракинов.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top