Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Кандидатот за нов државен јавен обвинител, Ненад Савески, најави дека како приоритет ќе ги постави дигитализацијата, отчетноста и подобрувањето на условите за работа во обвинителството.

Во изјава дадена пред денешната собраниска одлука, тој рече дека не смее да има предмети што ќе остануваат „во фиока“ и дека секој случај ќе мора да се работи според закон, рокови и утврдени принципи.

„Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспарентност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако акцентот се става на платите, платите не се најголемиот проблем туку се условите за работа. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал,“ вели во изјава за државната МИА Ненад Савески, кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител.

Најважно за него е да се дигитализира работата на обвинителите за да може да се следи нивната работа и да нема, како што вели, „фиока стоп систем“.

Вели дека не сака да издвојува ниту предмет со којшто би ја почнал работата како нов државен јавен обвинител бидејќи за него сите се подеднакво важни зашто „се работи за човечки судбини“, но исто така нема да води селективна правда и секој предмет ќе се работи согласно закон и согласно роковите и принципите за работа.

На прашање кои би биле првите работи што ќе ги направи по изборот за државен јавен обвинител, вели:

„Јас сум сега некој од надвор. Сум бил некогаш во обвинителството и сега од надвор треба да дојдам. Прво, треба да ја согледам состојбата внатре, да ги видам условите за работа, да се запознаам со состојбите. Најбитна работа би ми била да воспоставиме некоја дигитализација со којашто би можела да се следи работата на обвинителите во предметот…

Таа дигитализација можеби би била некоја програма која што би била „фиока стоп систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостаток на стручен кадар, на обвинители, дали недостасува помошен кадар за јавните обвинители. Потоа да се прават планови да се види финансиската конструкција, потребите, да се види новиот закон, ако се донесе, како ќе помогне, да се стартува…

Иако не се тие некои радикални измени, меѓутоа тие козметички измени да видиме каков ефект ќе имаат за подобрување на состојбите. Како и да е, не сметам дека со моето доаѓање на чело на Јавното обвинителство ќе почне и со моето заминување ќе заврши работата. Јавните обвинители и сега додека зборуваме ние, си ја работат својата работа, тоа е нивна законска обврска, тоа е нивна работа. Не мислам дека сега ова мое раководење со институцијата почнува и зависи од мене, вели Савевски.

Вели декаа заедно, „сите ние обвинителите и сите други државни органи од кои зависи работата на Јавното обвинителство, ќе изградиме еден јак јавнообвинителски систем којшто ќе може да одговори на задачата, а тоа е откривање и гонење на криминалот, така што ништо не почнува и не завршува со мене. Напротив, тоа е институција која што си работи.

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако акцентот се става на платите, платите не се најголемиот проблем туку се условите за да се работи. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал“.

Најнови вести од: Македонија

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top