Македонија

СДСМ бара оставка од Тошковски, бидејќи граѓаните не се чувствувале безбедно

Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, маала, во своите домови, а министерот Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција во седиштетот на партијата. Таа вели дека јавноста е сведок на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои се случиле во земјава […]

Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, маала, во своите домови, а министерот Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција во седиштетот на партијата.

Таа вели дека јавноста е сведок на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои се случиле во земјава изминатите години, а полицијата наместо да ги спречи нарко-клановите, ги штити.

„Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува. Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет“, а Македонија секојдневно е потресена од убиства“,кажа Кузеска.

Таа рече и оти пораката што ја добиваат граѓаните е дека животот им е помалку вреден од амбициите на власта и дека токму затоа Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, и тоа не од морални причини, туку бидејќи како што велат, е неспособен да ја гарантира безбедноста на своите граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top