Македонија

СДСМ го одби ,,Божиќното примирје” од Героски и нападна со ,,топовски психички салви”

Нови безобѕирни напади кон новинарот кого од Бихаќка го прогласуваат за лажго и измамник

Новинарот Бранко Героски кој неколку дена е предмет на напади од СДСМ утринава на ,,Еспресо” на Радио Лидер објави дека понудил примирје кое веднаш беше отфрлено од Бихаќка.

Во стилот на завојуваните страни во првата и втората светска војна Героски им понудил на СДСМ за време на новогодишните и божиќните празници да запрат со војната со зборови и истата да продолжи по Божиќ.

СДСМ веднаш одговори со нови напади кон Героски и со тоа практично ја одби понудата.

Во еден од нападите СДСМ прави психолошка анализа на Героски и упатувајќи беобѕирни напади кон новинарот кого од Бихаќка го прогласуваат за лажго и измамник.

,,Психологијата на лажењето и однесувањето под обвинение ја објаснува оваа разлика преку когнитивниот пристап кон измамата, каде што лажењето бара значително повеќе ментални ресурси отколку кажувањето на вистината.

Кога некој лаже, мозокот мора да ја потисне вистинитата информација, да создаде алтернативна приказна, да ја одржува конзистентноста и да предвидува можни противречности. Тоа доведува до поголем напор, што се манифестира како подолги, исцрпни и често непотребно детални оправдувања.

Ова е затоа што лажењето не е автоматско, туку бара активно управување со лагите, што може да резултира со претерани објаснувања дури и за ситни детали, со цел да се избегне разоткривање.

Наспроти тоа, кога некој ја кажува вистината, нема потреба од таков дополнителен когнитивен напор, одговорот е директен, заснован на реални сеќавања или факти, па оправдувањето се сведува на минимум. Бидејќи вистината „стои сама за себе“ без потреба од дополнителна елаборација за да се одржи.

Истражувањата покажуваат дека лажењето генерално трае подолго од кажувањето на вистината токму поради овој процес на инхибиција на вистината и конструирање на лагата”, стои во соопштението од СДСМ.

Целата емисија со Героски на Радио Лидер со Љупчо Златев

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top