Македонија

СДСМ не верува дека не постои договор за имигранти дури и по изјавата на британскиот амбасадор

Опозициската партија има проблем со верувањето

СДСМ соопшти дека не верува во тврдењата дека не постои договор со Британија за прифаќање имигранти, обвинувајќи дека Владата носи политики кои, според партијата, одат во спротивна насока.

Во реакцијата со наслов „Мицкоски ти веруваме, многу ти веруваме“, од СДСМ иронично наведуваат дека премиерот е познат по тоа што, како што велат, „кога нешто ќе каже го исполнува“.

„Му веруваме на Мицкоски бидејќи тој е познат по тоа што кога нешто ќе каже го исполнува. Како на пример поништувањето на Преспанскиот договор, враќањето на името, најавената оставка ако се утврди поврзаност со Агенцијата за обезбедување од Пулс и многу многу други „вистини“.

Затоа веруваме дека случајно британските медиуми, меѓу кои и Тајм објавија за што се разговара.

Веруваме дека случајност е потегот на ВМРО-ОКГ да донесе Декрет во Собранието за да забрани да се зборува за темата.

Толку многу веруваме дека е случјано и тоа што ВМРО-ОКГ не прифати да ја потпише Резолуцијата на СДСМ со која би се ставила точка на оваа тема.

Зошто да се стави точки на темата со Резолуција во Собранието?

Истот ака е случајно што Владата на Мицкоски донесе одлука за нови 10.000 странски работници само во 2026 година, со што ги отвори вратите за така наречените „економски работници“.

Многу е случајно тоа што Власта го смени и Законот за странци, со кој ги олесни условите за доаѓање, престој и работа на „економски работници“ во Македонија, ги скрати процедурите, ги продолжи времетраењето на дозволите.

Веруваме дека случајно во истиот пакет е и тоа што власта странски компании отпуштаат македонски работници за да задржат претежно работници од странство.

Како да не веруваме кога Мицкоски зборува за кампови и центри а никој освен него не ги споменува. Тие ќе си бидат сместени нормално, затоа и законите ги променија, тоа се „економски работници“.

Случјано во Британија се најавува нов модел за доброволно враќање на семејствата кои се одбиени баратели на азил со плаќање на 10.000 функци по лице до максимум 40.000 фунти, како поттик да го напуштат Обединетото кралство.

Веруваме дека сето ова е случајно, не се тоа „мигранти“, тоа се „економски работници“.

Многу веруваме.

И граѓаните многу веруваат Мицкоски“, се вели во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top