Македонија

СДСМ: Паднаа маските, Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2,0 е за рушење на партијата

Може колку сака да зборува за пад на СДСМ, но сите показатели говорат спротивно – новото раководство ја врати репутацијата и довербата кај своите гласачи, велат од „Бихаќка“

Опозициската партија експресно реагираше на гостувањето на универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски на ТВ Сител, во кое, меѓу другото, рече дека актуелниот лидер на партијата Венко Филипче, не може да се снајде во улогата што ја има, и тоа не од немање капацитет или незнаење, туку затоа што не сака.

Ивановски вели дека Венко Филипче не е за лидер на СДСМ (ВИДЕО)

„Денеска паднаа сите маски. Јавно, на телевизија, пред сите граѓани, челнови и симпатизери на СДСМ, Игор Ивановски Шема призна дека платформата не е за никакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре.

Ивановски го призна тоа што СДСМ со месеци наназад го говори“, се вели во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Оттаму велат дека она што од денеска на сите членови на СДСМ им е кристално јасно е дека намерата на платформата ЗНАМ 2.0 е само во корист на ВМРО.

„Ивановски денеска во име на платформата промовираше уназадување на демократијата во СДСМ.

Највисокиот демократски чин во СДСМ, за избор на претседател со директно и непосредно гласање на членовите на партијата да се укине.

Зошто некој би ја враќал партијата назад, зошто би сакал да им се укине на членовите правото на глас, директно да одлучуваат за својата партија?

Како што зад затворени врати „дебатираа“ пред некој ден во скап хотел, така ли сакаат да го бираат и претседателот на СДСМ?

Како некој зборува за внатрешна демократија а промовира помалку демократија?

Одговорот е едноставен. Затоа што овие предавници одработуваат за Мицкоски и немаат никаква поддршка од членството на СДСМ.

Знаат што ќе им се случи да излезат пред членството -дебакл. Затоа и се кријат зад затворени врати.

Силата на гласот на членовите им смета на ЗНАМ 2.0.

Големината на СДСМ е во секој член. За Венко Филипче на последните директни и непосредни избори гласаа над 18.000 членови.

А тие на трибина донесоа луѓе од друга партија да „дебатираат“ за внатрешната организација на СДСМ.

На сите веќе им е кристално јасно, ЗНАМ 2.0 е проект на Мицкоски, нова епизода од старата серија ЗНАМ, само во ново пакување.

Оттаму велат дека „СДСМ е силна, овие обиди нема да успеат, ќе ги победиме сите сателити и одработувачи на Мицкоски и неговата криминалната организирана група.

И покрај нарачените анкети, трендот на раст на СДСМ повеќе не може да се сокрие. Дури и во овие платени истражувања од власта, каде што се обидуваат да го спуштат рејтингот на СДСМ, јасно се гледа огромниот пад на поддршката за ВМРО и постојаниот раст на довербата во новото раководство на СДСМ, разликата е намлаена за 4,8 ПП.

Новата платформа ЗНАМ 2.0 може колку сака да зборува за пад на СДСМ, но сите показатели говорат спротивно – новото раководство ја врати репутацијата и довербата кај своите гласачи, а и покрај сите напори да се урне партијата, СДСМ е денес посилен отколку пред неколку месеци и штотуку почнува да расте.

Заедно со сите учесници на Фронтот за вистина и правда, СДСМ се враќа на местото кое му припаѓа и наскоро ќе стане најсилната политичка опција во Македонија“ се вели во соопштението на социјалдемократите..

Ивановски во средата ја модерираше средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

To top