Македонија

СДСМ во својата резолуција за Бугарите во уставот тргнува од скандалозните заклучоци кои го ,,вцрвенија” македонскиот народ

Филипче се повикува на заклучоци кои се сметаат за катастрофа за македонската позиција на патот кон ЕУ

СДСМ во својата предлог резолуција за Бугарите во уставот тргнува од скандалозните заклучоци кои пред три години го ,,вцрвенија” македонскиот народ.

Филипче и неговата партија во резолуцијата за влез на Бугарите во уставот како основа од која тргнуваат, меѓу другите документи, ги споменуваат заклучоците кои ги донесе Собранието пред три години во кои стоеја само позициите на СДСМ и ДУИ а сите сугестии од другите партии беа априори отфрлени.

Тогаш СДСМ воопшто не сакаа да разговараат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои воопшто не беа разгледани а сега СДСМ ставајќи ги заклучоците во делот за јазикот сака во новата позиција да бидат инкорпорирани позициите кои се покажаа како катастрофални за Македонија на патот кон ЕУ.

,,Вклучувајќи ги сите детали дефинирани во Заклучоците на Собранието донесени на 16 јули 2022 година”, стои во текстот на предлог резолуцијата која денеска ја презентираше СДСМ.

Заклучоците за кои сега зборува СДСМ барајќи да се прифатат ,,сите напори кои Собранието досега ги направило како и
иницијативите кои со мнозинство ги поддржало, како што се следните иницијативи”, предизвикаа масовни протести во Македонија кои траеа со недели.

СДСМ сега тврди дека овие заклучоци се прифатени со мнозинство во Собранието но не кажува дека за нив воопшто не беа прашани ВМРО-ДПМНЕ и другите партии.

Последните мерења на јавното расположение покажа дека над 80 проценти од Македонците и речиси 70 проценти од целото население е против барањето на СДСМ и Бугарија за внес на Бугарите во македонскиот устав.

Посебен проблем резолуцијата на СДСМ прави во поглед на поткопувањето на позицијата на влада во обидите да се дојде до достоинствено решение за проблемот што го предизвика СДСМ – повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top