Македонија

Се кренаа македонски здруженија во Егејска Македонија: Македонските обичаи нема да згаснат

Македонската традиција не може да запре

 

Сите 22 македонски здруженија од Леринско кои се потпишале на апелот до грчките власти и граѓани велат дека никој не може да ги запре македонските собири затоа што традицијата не е кривично дело.

Тие немаат дилема дека македонските обичаи никогаш нема да згаснат.

,,Регионот Лерин нема потреба да се плаши од луѓето што играат рака за рака. Ги повикуваме сите институции на власта да ги преземат сите потребни мерки за заштита на македонските културни манифестации. Ги повикуваме и оние што не зазедоа став да ги осудат неодамнешните обиди за забрана на македонските културни манифестации”,  се вели во заедничкото соопштение на 22 македонски културни, спортски и женски здруженија од Леринско, Грција.

 

Соопштението е реакција на бирократските пречки и институционалните обиди за забрана на традиционални настани, кои со децении се одржуваат во македонските села во Леринскo.

 

Откако во неколку наврати грчките власти се обидоа да ги спречат Македонците во Егејска Македонија да запрат со своите прослави на 15 јуни во селото Ајтос, општина Лерин, се одржал заеднички состанок на собрание на 22 македонски здруженија на покана од културно-просветното здружение „Ајтос“ од селото Ајтос, Грција. На овој собир било потпишано заедничко соопштение како реакција на обидите на грчката власт да ги спречи собирите на Македонците по селата во Егејска Македонија.

 

„Традицијата не е кривично дело, македонските обичаи нема да згаснат. Културните манифестации се единствената форма на забава и општествена кохезија во услови на невработеност, емиграција и сиромаштија.

Приходите од овие настани се користат за финансирање аматерски спортски клубови, јавни потреби во селата и локални проекти. Забраната на овие собири претставува директен удар врз опстанокот на македонските заедници.

 

Ги повикуваме сите жители на регионот Лерин годинава масовно да присуствуваат на сите културни манифестации како знак на поддршка и солидарност на сите фестивали во секое село! Притоа ги задржуваме сите наши законски права. Во случај властите повторно да забранат македонска културна манифестација најавуваме конкретни мирни мерки: собирање петиции по селата во одбрана на здруженијата; интервенции во општинските и регионалните совети; музички протест пред полициската станица во Соровичево, со учество на македонски, понтиски, тракиски, влашки и арванитски музичари; повторно свикување заедничко генерално собрание“, се вели во сооопштението од заедничкиот состанок во Ајтос.

 

Оваа одлука е испратена до сите релевантни институции во државата – од премиерот и министрите до регионалните гувернери, полицијата, обвинителствата, како и до локалните и националните медиуми.

На заедничкото соопштение потпишани се претставници на следните здруженија: Културното друштво од Свети Пантелејмон, А.С. Александар Велики од Ајтос, Културно-просветното друштво од Ајтос, Женското друштво „Ирини“ од Ајтос, Културното друштво „Орфеј“ од Акрита, А.С. Бранител од Соровичево (Аминтао), Гимнастичкото друштво „Ермис Аминтео“, Женското друштво од Соровичево (Аминтео), Друштвото за образование и култура „То Пименикон“ од Атрапос, Културното друштво од Варикос, Културното друштво од Вевис, Културното друштво „Акритес“ од Келис, Обединетото здружение „О Профитис Илијас“ во Леховитон, Друштвото за образование и култура во Овчарани (Мелитис), Културното друштво „Елпида“ од Нео Хорјо, Прогресивното друштво од Ксино Неро, Културно-фолклорното друштво од Пеларгос, Културно-просветното друштво „Ѓуленца“ од Родона, Културното друштво „Агиос Георгиос“ од Склифрос, Женското здружение „И Агија Параскеви“ од Склифрос, Тракиското друштво од Филота и Женското здружение од Лерин, членка на Организацијата на жените на Грција.

 

Најголемите прослави на Македонците во Егејска Македонија се очекуваат околу 19 Јули кога во Грција поради разликите во верскиот календар се слави Илинден, кој во Македонија е државен празник.

 

Expres.mk дознава дека поголемите грчки партии не саакаат да влезат во судир со Македонците затоа што особено во Егејска Македонија од нив зависат на следните локални и парламентарни избори.

Најнови вести од: Македонија

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Професори и правници: Изедначувањето на цигарите и алтернативните производи во нацрт-законот е чекор назад

Македонија, како традиционална земја на производство на тутун, треба да ги следи добрите глобални практики и да креира политики што ќе ја стимулираат диференцијацијата на производите врз основа на научни докази, а не да ги третира сите исто.

Рекордна заплена на марихуана во Србија: Еден од уапсените е ко-сопственик на фирма за производство на канабис во Македонија

Според обвинителството, организирана криминална група во периодот од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година набавила огромна количина марихуана во Македонија, која потоа била нелегално транспортирана преку границата и пласирана на српскиот пазар.

To top