Македонија

Се очекува големо поевтинување на дизел горивото

Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека бензините би можеле да добијат намалување од приближно 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, денеска треба да ја соопшти одлуката за новите малопродажните цени на горивата .

Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата ќе остане во сила до 15 јуни. Дополнително, најавен е и попуст од два денари по литар како резултат на договорот со рафинеријата ОКТА.

Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека бензините би можеле да добијат намалување од приближно 1,5 денари.

Од Владата оценуваат дека ваквите мерки треба да придонесат за намалување на финансискиот товар врз граѓаните и компаниите, особено во секторите кои најмногу зависат од транспортот и енергенсите.

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на викендот изјави дека очекува трендот на стабилизација на цените да продолжи и во наредниот период, нагласувајќи дека горивата во земјава и понатаму се меѓу поевтините во регионот.

Како да се стабилизираат и „смират“ цените на горивата

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top