Македонија

Се подготвува ли ДУИ за војна, или за локални избори: прогласи „сеопшта национална мобилизација на Албанците“ за 19 октомври?!

„Имаме поддршка од сите страни за сеопштата мобилизација. Сите на нога за достоинството, сите на нога за нашата победа!“ – извикува со своевидна воинствена интонација во своето соопштение партијата на Али Ахмети по вчерашната седница на нејзиното централно претседателство, небаре одат во некаков воен судир, а не на локални избори!

„Демократската унија за интеграција прогласи национална мобилизација на Албанците за плебисцитната победа на 19 октомври! Усвоени се уште три други кандидатури за локалните избори.“ – соопштено е по вчерашната седницата на централното претседателство на оваа партија, која ја свика лидерот Али Ахмети. Оваа информација ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија

„Лајм“ натаму истакнува: „Раководството на ДУИ расправаше вчера за сегашните политички случувања, за мобилизацијата на Националната алијанса за интеграција и за подготовките за референдумот на 19 октомври. На оваа седница се усвоени кандидатурите за градоначалници на општини: на Фламур Ѓолека за општина Долнени, за општина ласнина на Али Јаоски и на општина Бутел на Исамедин Азизи.“

„ДУИ смета дека референдумот на 19 октомври ќе биде историски момент за народот и можност за враќање на достоинството на државата. Имаме поддршка од сите страни за сеопштата мобилизација. Сите на нога за достоинството, сите на нога за нашата сеопшта победа.“ – наведува партијата на Али Ахмети

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top