Македонија

Се санираат критичните точки и се расчистуваат наносите кај мостовите на Пчиња во Старо Нагоричане

Екипите на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово сè на терен и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки, смет кај мостовите во оваа општина. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски потврди дека екипи на јавното претпријатие од општината заедно со механизација на водостопанство од Куманово ги расчистуваат најкритичните локации.

Екипи на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово денеска се на терен во Општина Старо Нагоричане и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки и смет кај мостовите откако реката Пчиња се излеа од своето корито кај Пелинце. Градоначалникот на Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, потврдува дека на најкритичните локации има екипи и механизација од водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

  • „Најкритичните локации се покриени со екипи, со механизација на водостопанство ‘Кумановско-липковско поле’ се расчистуваат од наносите од дрвја, гранки кај мостовите. Засега нема пријави за штети“, изјави тој.

Интервенции се вршат и кај Меморијалниот центар АСНОМ, каде што екипи на кумановските претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ поставуваат вреќи со песок за заштита, како што потврдија нивните директори.

Претходно, Центарот за управување со кризи соопшти дека кај село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац, реката Пчиња се излеала околу 20 сантиметри над речното корито. Дополнително, кај Коински мост е забележано големо насобирање дрвја кое го попречува нормалниот проток на реката.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека водостојот на реката Пчиња кај Пелинце утрово изнесувал 120 сантиметри. Ова е значително повеќе од вчерашните 18 сантиметри и е трипати повисоко од просекот за ноември, кој изнесува 41 сантиметар.

Утринава пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане информираа дека во надојдената вода на реката Пчиња кај селото Стрновец бил заглавен автомобил во кој имало две лица. Пожарникарите веднаш интервенирале и го извлекле автомобилот.

Од ТППЕ Старо Нагоричане апелираат до жителите да избегнуваат движења и секакви активности по течението на реката Пчиња во општината.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top