Македонија

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

Новото средно полициско училиште ќе биде двегодишно (трета и четврта година) и ќе запишува средношколци на возраст од 15-16  години, кои првите две години ги завршиле во кое било четиригодишно средно училиште во државата. Учениците ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. 

Теоретски знаења и практични вештини според безбедносните стандарди

Средното полициско училиште – Полициска академија се формира со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август поради недостигот од формализирано средно полициско образование. Откако е укинато училиштето постои основна полициска обука на кандидати од 18 до 25 години, избрани на јавен оглас, кои по една година во Центарот за обука засноваат работен однос во МВР.

Тоа, според иницијаторите за основање на новото средно полициско училиште, не овозможува рана и целосна подготовка на идните полицајци. Врз основа на споредбени  искуства на земји од регионот, сметаат дека училиштето ќе обезбеди постојано, структурирано и добро образование уште од средношколската возраст и ќе подготви кадар кој од првиот ден на професионалната кариера ќе поседува теоретски знаења и практични вештини во согласност со безбедносните стандарди и потребите на државата.

За да бидат примени учениците ќе треба да исполнат општи услови (државјани на Северна Македонија, помлади од 18 години, активно користење на македонскиот јазик, здравствена и психофизичка способност) и посебни услови што ги пропишува министерот за внатрешни работи.

М-р Влатко Митковски, помошник на министерот на Центарот за обука на МВР, за МИА вели дека откога се најави отворањето на полициското училиште, на нивната фејсбук-страница постојано добиваат прашања за детали во врска со наставата и кога ќе биде објавен конкурсот. За да ги информираат учениците што завршуваат втора година планираат посети на средните училишта во државата.

Во согласност со роковите од законот, вели Митковски, Министерството за внатрешни работи околу 1 јули на својата веб-страница ќе го објави јавниот повик за прием на ученици, по што заинтересираните ќе поминат повеќе проверки – здравствени, психофизички, ќе полагаат тест за општо знаење, тест за интегритет и ќе имаат интервјуа пред комисија која ќе ја прави селекцијата на кандидатите. Тие што ќе бидат примени, од 1 септември ќе имаат бесплатно сместување и исхрана во интернатот на Центарот за обука на МВР во Идризово. 

– Тестот од општо знаење и психофизичките проверки ќе носат најмногу бодови, а успехот од првите две години средно е последен фактор во рангирањето, но ќе влијае доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови. Во зависност од бројот на кандидати, проверките за селекција ќе бидат закажани во неколку термини. Нема да има квоти за девојки и за етнички припадности затоа што полицијата не ја делиме по некоја основа. Кога ученикот ќе матурира станува полицаец и има загарантирано работно место. Со завршено средно влегуваат на работа. Размислуваме во иднина тие да имаат мала предност и наместо како досегашните кандидати на основна обука кои почнуваат како помлад полицаец, директно да почнат како полицаец. Ќе бидат распоредени во секторите за внатрешни работи од каде што доаѓаат. Најмногу ќе се бара за Скопје и, бидејќи СВР Скопје ќе прерасне во Оддел за внатрешни работи, ќе имаат и поголеми плати, во согласност и со проблематиката и обемот на работа во однос на другите градови. Идејата е од средното полициско да излегуваат кадри кои во иднина ќе бидат раководни во МВР, изјави Митковски.

Реновирани објектите за сместување, подготовка на наставните програми

Центарот за обука на МВР интензивно се подготвува за отворањето на Средното полициско училиште – Полициска академија. Објектите за сместување се реновирани, некои се доуредуваат, се опремуваат училниците и кабинетите за настава. Во соработка со Бирото за развој на образованието и Центарот за развој на стручното образование при МОН се усогласуваат наставните програми и наставните планови и се прават планови за наставниот кадар. За разлика од наставата на модули, каква што следат кандидатите избрани на јавен оглас  за основната едногодишна полициска обука,  за средношколците наставата е предметна. Во општообразовните предмети ќе се изучуваат македонски јазик, англиски јазик, историја, спорт, математика-изборен.

– Ќе има доста стручни предмети во областа на полициската тактика, етика, методика, криминалистика, содржини што се однесуваат на полициско право и полициски овластувања, кривично и прекршочно право, кривична постапка, уставно и управно право итн. Ќе имаат и настава за одбранбени вештини, ракување со оружје и гаѓање. Кога ќе станат полнолетни, односно на крајот од четврта година, пред матурата, ќе ракуваат и ќе полагаат со вистинско оружје. И информатиката им е задолжителна за да може да работат со постоечките програми и софтвери на МВР, појаснува Митковски.

Предметите ќе ги предаваат наставници, стручни соработници (вработени во МВР со статус на овластени службени лица) и истакнати стручни лица, кои, како што вели нашиот соговорник, ќе бидат доктори на науки во конкретна област или кои имаат запишано докторски студии, меѓу нив и пензионирани од МВР со големо работно искуство. Наставниците за општите предмети ќе ги вработат по конкурс или ќе ги позајмат од други средни училишта кои немаат исполнет фонд на часови. До почетокот на учебната година ќе се донесе одлука и за име на Средното полициско училиште – Полициска академија затоа што нема да го задржи некогашното „Елисие Поповски-Марко“. Ќе се изработат и обележја на училиштето кои неговите ученици ќе го имаат на своите униформи.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Владата очекува горивата да поевтинат за 1,5 денар за литар

Согласно пресметките, се очекува дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар, соопшти Владата.

„Н.М“: Секоја грчка влада го попречуваше македонскиот пат кон ЕУ, давајќи пример како се тргува со европските вредности! – Сега тоа го прави Бугарија!

„Кога во јуни 2003 година на самитот на ЕУ и Западниот Балкан беше усвоена ‘Солунската агенда’, никој не претпоставуваше дека токму на тој собир, наместо отворање на вратите, ќе биде запечатена европската судбина на земјите од регионот. Освен Бугарија и Романија, кои влегоа со политичка одлука во 2007 година, како и Хрватска, која послужи како доказ дека процесот е наводно жив, ниедна друга земја не стана дел од ЕУ безмалку 20 години. Значителен дел од вината за оваа непроменета ситуација ја сносат токму создавачите на ‘Солунската агенда’. Грција со години ја блокираше Македонија, користејќи го спорот за името како инструмент за кочење, со што на другите членки на ЕУ им го ‘сервираше’ најопасното оружје: ветото како алатка за билатерални уцени. Сега, повторно официјална Атина се повикува на ‘Солунската агенда’“, обидувајќи се да се наметне како лидер на процесот што самата го минираше.“ – ова се нагласува во анализата со наслов „Оригиналниот ‘тројански коњ’ во евроинтеграциите е всушност – грчкиот“.

Скопскиот аеродром лидер во регионот со раст од 32%, од Владата очекуваат над 3,5 милиони патници годинава

Вицепремиерот вели дека оваа година се очекува да се надмине бројот од 3,5 милиони патници, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

„Вреди“: Џабе се „крокодилските солзи“, Џафери го запечати исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит! – Ќе го решиме проблемот

„ДУИ, која повеќе од 20 години имаше 5 министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем: го изгласаа Законот за правосудниот испит, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда. Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичко предавство.“ – соопшти коалицијата Вреди.

На денешен ден фашистичка Бугарија ја окупира Македонија, а денес и лидерот на Костадинов од „Преродба“ ја повторува истата теза од 1941 за „Македонија – втора бугарска држава на Балканот“!

На денешен ден, на 18 април 1941 година Бугарија со „благослов“ од фашистичкиот водач на Германија Адолф Хитлер Хитлер ја започна окупацијата на Македонија! На овој датум со одборение на Хитлеровата врховна команда единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. Бугарија настојува овој настан од нејзината историја наместо фашистичка окупација да го прикаже како „администрирање со Македонија“. Дали е случајно, или не, тоа што Костадин Костадинов, лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“ (Възраждане) вчера, на 17 април 2026 година, на еден ден пред 85-тата годишнина од почетокот на бугарската фашистичка окупација на Македонија, ја означи Македонија како „втора бугарска држава“ на Балканот, изнесувајќи ја заложбата на неговата партија за „интеграција на двете бугарски државни формации во една“?! Костадинов во предизборната програма негова и на неговата партија активно ја промовира скандалозната идеја за „обединување на Бугарија и Македонија“ – истата цел, поради која и Бугарија во Вората светска војна како фашистичка држава – членка на Хитлеровата нацистичка коалиција влегува на територијата на Македонија и ја окупира, под изговор дека „доаѓа да ја ослободи и да ја обедини кон мајка Бугарија“!

.

„Плус инфо“: Филипче е пак „уфилман“, го следел „приватен Мосад“! СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ „ангажирала разузнавачка компанија за следење на опозицијата“!

„Станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, позната по следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.“ – тврди СДСМ.

To top