Македонија

Седете во затворено, надвор е нездраво

Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на екстремно високите температури и неделава

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат движење и престој во шумските предели, особено во периодите кога температурите се највисоки, од денеска откако Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран.

Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза.

Покрај високите температури и портокаловата фаза, земјава се соочува и со зголемен број пожари на повеќе локации. Од Центарот за управување со кризи информираат дека комбинирани тимови се активно на терен и интервенираат таму каде што е најпотребно.

Од вкупно 26 пожари на отворен простор регистрирани во земјава во изминатите два дена, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top