Македонија

Седнувањето во кафеана станува се’ поскапо

Најмногу поскапеле алкохолните пијалаци за 9,1%, потоа храната за 7,8%, иј безалкохолните пијалаци за 5,3%

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 %, а на алкохолните пијалаци за 0,2 %. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.

На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година) цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци  за 9,1%, потоа кај  храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.

За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.

Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top