Македонија

Секоја нова можност за Македонија, за Филипче е повод за ширење паника

Сега се противи на евентуалната изградба на дата-центри во Македонија

Филипче и СДС изгледа имаат проблем со се’ што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава. Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент. А, можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек.

Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста.

Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника.
На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна“, посочуваат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Најнови вести

To top