Македонија

Села би прифатил да биде дел од Владата, но има три услови

Лидерот на крило во Алијанса за Албанците го условува влезот во власта со неостварливи барања во моментов

Откако веднаш по локалните избори категорично ја отфрли можноста да го прошири владиното мнозинство, лидерот на крило во Алијансата за Албанците, Зијадин Села, сега е подготвен да го стори тоа, но под три услови.

„Прво, усвојување на уставните амандмани и деблокада на евроинтеграциите, потоа отстранување на 20 отсто и впишување на албанскиот јазик во Уставот и одлуки со Бадентериевиот принцип да се носат и во Уставниот суд. Ова би биле три теми, доколку се реализираат првично, тогаш би можеле да се водат преговори со Алијансата за Албанците“, рече Села на прашањето дали постои можност да стане дел од Владата.

Најнови вести од: Македонија

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top