Македонија

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело во спортот

Тој е најтрофејниот македонски спортски тренер во сите категории со вкупно 28 трофеи во Македонија.

Добитник на државната награда „8 Септември“ за 2025 година за животно дело е проф.д-р Јошко Миленковски, сегашниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација на Република Македонија, како признание за неговиот извонреден придонес во унапредувањето на спортот, но и за афирмацијата и претставувањето на Република Македонија во меѓународни рамки. Оваа награда на Миленковски ќе му биде врачена денес на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија.

Јошко Миленковски, роден на 11 ноември 1960 година во Крушево, е одбојкар и најтрофеен македонски спортски тренер во сите категории, со вкупно 28 трофеи во Македонија, од кои 15 во првенствата на Македонија со Работнички Фершпед, 13 купа, од кои 12 со Работнички и еден со Борец Универзал промет.

Миленковски се издвојува од поодамна како едно од најголемите спортски имиња на Македонија. Покрај својот повторен ангажман во македонската одбојкарска репрезентација, во која се врати по 15 години, тој е е и редовен професор во Факултетот за физичка култура по предметот одбојка.

Државни награди „8 септември“ за 2025 година за исклучителни спортски постигнувања ќе им бидат врачени на Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, стручњаци и спортски дејци, кои, исто така, оставиле значаен белег во македонскиот спорт.

Овие награди ги доделува соодветна комисија, која постојано ја организира оваа свеченост на прагот на 8 септември – Денот на независноста и самостојноста на Република Македонија.


.

Најнови вести од: Македонија

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top