Македонија

Семос Едукација и Microsoft ги обучија институциите во Албанија за примена на вештачка интелигенција

Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници

Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници во Република Албанија, насочена кон практична примена на вештачката интелигенција во институционалното работење.

Програмата се реализираше преку осум сесии, во кои учесниците се запознаа со основите на вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, користењето на Copilot Chat и принципите на promptengineering. Фокусот беше ставен на практични, реални сценарија, со цел стекнатите знаења директно да се применат во секојдневната административна работа.

Обуката беше структуирана да одговори на конкретните потреби на институциите, со фокус на подобрување на ефикасноста, организацијата и квалитетот на донесување одлуки. Значаен дел од програмата беше посветен на употребата на Copilot Chat во процесите на усогласување со европските регулативи, што претставува клучен приоритет за албанската администрација во контекст на приближување кон европските стандарди.

Во согласност со официјалната Microsoft програма MS-4023, обуката се реализираше под водство на сертифицираниот обучувач Кујтим Рахмани, со поддршка од Агрон Муареми како модератор. Ваквиот пристап, кој ги комбинира меѓународно признатите стандарди со практично искуство, овозможи пренос на знаење со директна вредност за институционалното работење.

Позитивните реакции од учесниците ја потврдија релевантноста на обуката и потребата од континуирано унапредување на дигиталните вештини во јавниот сектор, како предуслов за современа, ефикасна и европски усогласена администрација.

Со оваа соработка, Семос Едукација дополнително ја зацврстува својата позиција како лидер во ИТ-едукацијата во регионот и стратешки партнер на институциите во процесите на дигитална трансформација и унапредување на административните капацитети.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

Кило по кило – Од Грчец, директно во Струмица: Полицијата разби голема кокаинска мрежа

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле […]

Пешевска: Опозицијата прави ефтин театар наместо да се грижи за жените-жртви на насилство, нивната заштита не смее да биде „алатка“ за дневна политика!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска расправа за заштита на жените од насилство, јавноста видела обид за ефтина политичка претстава.

Обвинителен акт, или предлог, против 22 физички лица и 4 правни лица за даночни измами и перење пари во шема „тешка“ 6,5 милиони евра!

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари преку злоупотреба на службената положба, информира Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Организатори на групата биле првообвинетиот – српски државјанин, кој е сопственик и управител на две од обвинетите фирми и двајца службеници од Регионална дирекција на УЈП – Скопје, соопшти ОЈО ГОКК.

(Видео): Премиерот најави нови мерки против скапотијата по Велигден

Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи.

To top