Македонија

(Видео): Премиерот најави нови мерки против скапотијата по Велигден

Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за контрола на цените на прехранбените производи. Мицкоски рече дека на првата седница по Велигден владата ќе донесе нови мерки кои ќе бидат таргетирани, но повтори дека Владата прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.

  • Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со  намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа – рече Мицкоски.

Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.

  • Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура – рече Мицкоски.

Мицкоски дека очекува инфлација меѓу 4 и 5% во март.

  • Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5% – рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top