Македонија

Сергеица од Воденчаровци до Никола Најдовски за Петре М. Андреевски: Ако грешам, нека изгорам

Дебата за оставштината на великанот

Член на семејството на великанот Петре М. Андреевски, Ирена Андреевска или Сергеица од Воденчаровци реагира на постот на градоначалникот на Демир Хисар кој го демантираше писателот Венко Андоновски според кого музејот на великанот е пред уништување од влага.

Постот на градоначалникот на овој ЛИНК.

Целата реакција на Сергеица од Воденчаровци:

Бидејќи мојот одговор на денешната ОБЈАВА на Никола Најдовски – Градоначалник на Општина Демир Хисар е експресно избришан, чувствувам потреба, во име на транспарентноста за којашто велат дека најповеќе се залага токму Општина Демир Хисар, овде да го пренесам во целост:

,, Сполај ви што конечно се огласивте градоначалник, а никаков одговор не добивме на официјалните дописи, апелот и последното барање, се уредно архивирани! Од фотографиите од поставката, видно е дека некој конечно влегол да зачисти (освен во фотошоп ако не се преработени), но изгледа не сте информирани дека најголемиот дел од артефактите (за коишто во НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ општината не најде за сходно да направи ЗАПИСНИК!!!) се повлечени заради оштетување од влагата. Знаете ли дека големата ПРАЗНА маса на којашто заради збогатување на впечатокот сте наредиле некакви промотивни торбички е донација од претходниот културен аташе од Германската Амбасада во Скопје, Г-ѓа Катрин Фруенсфилд и нејзиниот сопруг. На оваа маса, почитуван, требаше да бидат изложени делата на Петре преведени и издадени во странство. А во позадината е потпрена (оти од влагата падна и се поткрши) табла од форекс со моќна порака од Академик Влада Урошевиќ. Добро се направени фотографиите, па тешко може да се забележи како се извиткани кориците и внатрешните листови на единствениот наш семеен примерок на првото издание на КАСНИ ПОРАСНИ, но и на собраните дела на Петре, донација од издавачите: Табернакул и Арс Ламина и др., или мувлата зад залепените култни мисли и пораки до народот од Петре. Веројатно не знаете, еве да си знаете, екранот што е поставен на подвижен држач, донација од семејството Филевски, треба да биде во функција. Благодарение на медиумското покровителство што го обезбедивме од Македонското радио и Македонската телевизија, наши еминентни новинари и други вработени во овие институции, се нурнаа во архивите за да обезбедат веродостојни аудио и видео записи од/за Петре. Да не се грижите, никој не се јави да праша каде е УСБ-то. На безбедно е. Кога веќе ме повлековте за збор, би сакала да ве замолам да не го користите ова наше БАРАЊЕ за, ставање под заштита на државата на Меморијалната поставка во чест на Петре М. Андреевски во време на локално предизборие. Тоа нам воопшто не ни беше целта! Апсолутно е манипулативно тврдењето дека во изминативе четири години сте ја преименувале градската библиотека. Таа официјално го носи името на Великанот од 2010 година, кога директор на Домот на културата бил Г-дин Љупчо Србиновски, а по иницијатива на нејзиниот легендарен библиотекар, писател и истражувач, Борис Дамовски. А не знам дали знаете дека оваа библиотека ги поседува и грижливо ги чува буквално СИТЕ, и најстарите изданија од книгите на Петре М. Андреевски?! За муралите СЕКОЈА ЧЕСТ, гордост се на Демир Хисар. Нешто тешко можам да се сетам на некој значаен проект или културен настан што го слават името и делото на Петре. Ако грешам, нека изгорам. А колку би било убаво да покажевте макар малку волја да го воздигнете она што ви е дадено на располагање – НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО! Со почит, Сергеица од Воденчаровци”

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top