Македонија

Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ, или си тезгаџија!

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС Петре Шилегов јавно преку фејсбук побара оставка од „лидерот“ на СДС Венко Филипче. Ако се има предвид жестината, со која Шилегов го нападна Филипче, означувајќи го со зборот претседател ставен во наводници, се наметнува дилемата: дали можеби Шилегов е дел од иницијатива за обединување на СДС, што веќе кружи и која која подготвува политички концепт и кадровска понуда, во која би влегле поранешни социјалдемократи, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров?

 Во објавата на општествената мрежа Шилегов го изнесе својот став за изборот на новото раководство на СДС, кое синоќа беше соопштено лично од „лидерот“ на оваа партија Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од негрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ, или си тезгаџија!“ – реагираше жестоко Шилегов, асоцирајќи дека социјалдемократите со ваквите „кадровски освежувања“ во највисокото раководство, всушност, вршат свое колективно политичко самоубиство како партија, а самиот Филипче и свое политичко самоубиство како нејзин прв човек!

Коментирајќи ги случувањата во неговата матична партија, поранешниот прв човек на македонската метропола Шилегов натаму преку фејсбук порача: „Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави.“

Тој по оваа објава веднаш се огласи со уште една, во која напиша: „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 минути)! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“

Инаку, „Фокус“ објави дека меѓу членството и симпатизерите веќе кружи иницијатива за „обединување на СДС“, со подготвување „нов политички концепт и кадровска понуда“, што би опфатиле поранешни социјалдемократи, а меѓу нив и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров. Ако се суди според жестината, со која Петре Шилегов ги нападна Венко Филипче и неговите истомисленици, може да се претпостави дека е значителна е веројатноста и Шилегов да е  дел од таквата иницијатива за промени на Бихаќка, по катастрофалните резултати на последните избори, со кои СДС забрзано ја губи позицијата како најголема опозициска партија.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top