Македонија

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

-Причина за крајно големата матност за водата за пиење е синоќешното невреме што го зафати пробиштипскиот регион, а хидро-системот Злетовица има тешкотии во работењето и снабдувањето со сурова вода на сите општини. што ја користат – посочи Арсовски.

Филтер станицата во Штип во овој момент ја прекина преработката на водата која ја прима од ХС Злетовица ,поради крајно големата матност.

-Ние сме во можност да преработуваме матна вода со загаденост од 50 единици, а во моментов примаме матна вода со повеќе од 400 единици на загаденост. Екипите на Злетовица и на ЈП Исар координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода, изјави Арсовски.

Запрашан кога ќе се нормализира водоснабдувањето на градот Штип, Арсовски одговори оти не може да се каже кога филтер станицата ќе почне повторно да ја преработува сировата вода.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top