Македонија

Штипска Клиничка болница направила илјадници интервенции и прегледи за 11 месеци

Болницата во Штип е клучна алка во здравствениот систем и носител на најголемиот товар во источниот регион

Клиничка болница-Штип денеска објави колку специјалистички прегледи и интервенции се извршени на речиси сите одделенија во болницата во период од 11 месеци, или од 1 јануари до 1 декември 2025 година. Во пишаното соопштение од Клиничка болница-Штип, кое е објавено на социјалните мрежи се наведува дека болницата во Штип е клучна алка во здравствениот систем и носител на најголемиот товар во источниот регион. Во него се наведува дека и покрај ограничениот број на вработени, или какошто пишува „само 415 посветени професионалци, нашиот колектив секојдневно обезбедува квалитетна, навремена и достапна здравствена услуга“.

-Во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025 година се реализирани, да напоменеме дека ова е информација само за дел од службите: 10.977 уролошки амбулантски прегледи, 402 приеми на одделение, 193 операции, 67 биопсии на простата, 458.728 лабораториски анализи, 72.383 повеќе за разлика од целата 2024  година, 1.380 коронарографии, 498 стентирања, 69 периферии, ехокардиографии 2.349, 9.210 кардиолошки прегледи, 122 коронарни стрес теста, 5.551 инфектолошки преглед, 493 приеми, 8.088 невролошки прегледи 613 хоспитализации, потоа 11.507 ортопедски прегледи, 595 хоспитализации 504 операции, 580 мали интервенции, 1.283 максилофацијални прегледи, 80 интервеницц, 103 приеми (еден лекар специјалист), 6.471 хируршки прегледи, 1.005 приеми, 731 операција, 788 интервенции, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Во него се наведува дека извршени се и 2.477 прегледи на физикална терапија и 323 приеми, потоа 5.593 психијатриски прегледи и 113 приеми, 16.583 рентген графии, 9.439 компјутерски томографии, 2.065 магнетни резонанци, 5.960 еха. Извршени се и 380 мамографии, а во моментот мамографот не е во функција и е во процес на сервисирање.

-Од еден онколог се направени 1.967 онколошки прегледи 10.466 дерматовенеролошки прегледи и 180 хоспитализации, 5.189 педијатриски прегледи, 653 приеми, 4.249 гинеколошки прегледи, 1.165 приеми, 437 породувања, потоа 11.884 офталмолошки прегледи, 568 офталмолошки операции. Овие бројки не се муабети, ова се факти кои зборуваат за обемот на работа, одговорноста и посветеноста на нашиот тим, се наведува во соопштението на Клиничка болница-Штип.

Во него се вели дека се свесни оти условите не се идеални, но секој ден даваат се од себе, за  да обезбедат поефикасна и поквалитетна услуга.

-Веруваме дека само заедно, персоналот, институциите и граѓаните можеме да ја унапредуваме здравствената грижа и да ја направиме подобра за сите. Клиничка болница Штип е една од поважните алки во секундарното здравство во Македонија, велат од Клиничка болница-Штип.

Најнови вести од: Македонија

Скопје треба да добие нов Саем и жичница од болницата во Козле до средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

Експотпретседателот на ДУИ Бејта се разиде со Ахмети и ќе се трка за градоначалник на Гостивар од Вреди, влегувајќи и во судир со Таравари!

„Немам непријателство со никого во С.Македонија, ниту со Али Ахмети, но Арбен Таравари со години ги навредуваше гласачите на ДУИ!“ – изјави Невзат Бејта, кој ја поднесе денес својата кандидатура за градоначалник на Гостивар како кандидат од редовите на коалицијата Вреди.

Општина Сарај има долг од близу три милиони евра

Во интерната анализа, Општината открила сомнителни договори, неразумни договори и трошоци направени, како што вели Елмази, без милост. Тој порача дека Сарај веќе нема да се управува со логиката на импровизација или со начинот на размислување „некој друг нека го реши проблемот“.

To top