Македонија

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Со 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 кг брашно

Над два метри ќе биде долга џиновската пастрмајлија со која свечено ќе биде отворена годинашната „Пастрмалијада 2026“ во Штип. За нејзината подготовка, пекарот Николче Малинов најавува дека ќе бидат употребени околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно.

Малинов вели дека годинава целта е да се направи најголемата и најдолгата пастрмајлија досега, долга два метри и 10 сантиметри. Во подготовката, како и во транспортот на џиновската пастрмајлија до бината каде што ќе биде свеченото отворање, ќе бидат ангажирани четири до пет лица.

– За оваа година ќе се потрудиме да биде најголема и најдолга досега, два метри и 10 сантиметри. Ќе ни бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно. За оваа голема акција ќе ми бидат потребни четири до пет луѓе, како и транспортот до бината на свеченото отворање на штипската Пастрмалијада – вели Малинов.

Џиновската пастрмајлија ќе се пече во специјално приспособена печка, а целиот процес ќе трае околу 30 до 35 минути, во зависност од температурата.

– Нашата печка е приспособена за тоа. Ќе ја печеме во еден дел и ќе се пече околу 30 до 35 минути, сè во зависност од температурата на печката – вели Малинов.

И покрај зголемените трошоци, цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари. За закуп на штандови досега се пријавени повеќе од 30 угостители, со што организаторите очекуваат познатиот штипски специјалитет да биде достапен за што поголем број посетители.

Штипската „Пастрмалијада“ годинава ќе се одржи на 18 и 19 септември, на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. Посетителите ги очекува богата музичка програма, а главната ѕвезда на 19 септември ќе биде Жељко Јоксимовиќ. Пред неговиот настап ќе настапат познатите македонски пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Најнови вести од: Македонија

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех постигна Македон, кој е примен во престижната Програма на американскиот универзитет, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

To top