Македонија

Што досега знаеме за запленетата дрога?

Што се заплени и од каде во акцијата

Кутија по кутија, 30 тони марихуана беше спакувана во конвојот од шлепер, 10-тина камиони, кобиња и автомобили на полицијата. Влезот на фирмата „ЦБД Медплант“ ДООЕЛ во близина на струмичко Ново Село беше блокиран од полициски службеници кои се часови ја спроведуваат заплената. Првичните информации беа дека ќе се одзмат 20-тина тони, но истражинте органи пронајдоа дополнители 10 тони биомаса која била складирана како отпад. Засега неофицијално, марихуаната селектирана како ѓубре создржела поголем концетрат за да заврши во отпад.. Пред два дена пак во скопската фирма „Алфафарм ДОО Скопје“ сместена во кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС, биле запленети девет тони марихуана а над 1300 шишиња недоработено масло од канабис. Според истрагата на полицијата двете фирми се поврзуваат со заплената на петте тони марихуна во соседна Србија.

Од фирма блиска на СДСМ и Заеви извадени 21 тон марихуана (ВИДЕО)

  • „Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава“ рече Гоце Андреевски – Портпаролот на МВР.

МВР со првични детали: Запленети над 40 тони дрога, акцијата продолжува

Еден од уапсените во Србија се јавува како сопственик во скопската фирма „Алфафарм“, па по проверките од МВР, биле констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во количината дрога која ја поседува, произведува, набавува и отуѓува.

  • „Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина“ изјави портпаролот на МВР.

„ЦБД Медплант“ од струмичко Ново Село е втората фирма од каде се запленија 30 тона марихуана. „ЦБД Медплант“ според она што може да се забележи и на влезот е регистрирана на адреса с. Борисово 3 во струмичко Ново Село, како фирма за „канабис за медицинска намена – производство и трговија“. Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации од терен, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Котев, со прекар М`гчев. Котев се јавува и како експредседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, а имал бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Здружението за канабис „Билка“ бара итна легализација

Најнови вести од: Македонија

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската „Награда за младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top