Македонија

Што значи кога политичар користи измет во кампања – Брутална анализа на изборна порака

Чудна порака која можеби во себе содржи длабоки интимни чувства

Во брутално соодветната анализа на изборната порака што ја праќа лидерот на Левица Димитар Апасиев, Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит објаснува што значи кога политичар користи измет во кампања.

Во своја порака до гласачите Апасиев бара граѓаните да извршат празнење на дебелото црево што за Илиевски е знак за посериозен проблем кај испраќачот на изборната порака.

„Кога политички лидер ќе избере фецес за симбол на кампања, психолошката порака е кристално јасна: тој самиот се проектира во тој симбол. Наместо јавноста да каже „Важи Димче ќе се посереме на противникот“, првата асоцијација е – „кој нормален човек би градел политика околу измет?“.

Одговорот е: токму оној што најмногу наликува на тоа што го промовира. Во психоанализата, фекалното е знак на агресивна незрелост, потреба за деградација и контрола преку понижување. Но во политиката, тоа се враќа како бумеранг: лидерот што се гаѓа со лајно во рака на крај останува запомнет како – лајно. Така, во кампањата на Левица, фецесот не е метафора за противникот – тоа е фактичкиот портрет на Димитар Апасиев.“

Ете, го доби вниманието кое го бараше.
Сега да пуштиме вода 🙂”, пишува Илиевски на шега потпишувајќи се како Бет ЏиПиТи.

Што е целта на ,,изметната” порака на Апасиев засега не е јасно.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top