Македонија

Шведско-македонската стопанска комора официјално започна со работа

Нови можности за Економска и Бизнис соработка помеѓу Македонија и Шведска

Економските и политичките врски помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска континуирано се развиваат повеќе од 30 години. Иако географски оддалечени, двете земји имаат соработка на повеќе фронта и истовремено споделуваат комплементарни економски структури, но и вредности. Шведска е една од најзначајните ЕУ земји членки донатори за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ преку својата Агенција за Меѓународен Развој (СИДА) со која поддржува реформски политики во областа на еколошки и отпорен одржлив развој, одржливо користење на природните ресурси, но и инклузивен економски развој, а Шведско-македонската трговска размена, иако релативно скромна,покажува континуиран раст од година во година. Новото поглавје во оваа соработкачија цел е продлабочувањето на долгорочни трговски и бизнис-врски помеѓу двете земји и зголемување на инвестициски инцијативи како во Шведска, така и во Македонија е отворањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора кое е официјално закажано за 24ти Октомври во Стокхолм.

Досегашна Економска Соработка

Економските врски помеѓу Македонија и Шведска претставуваат динамика која во последните години бележи конзистентен раст. Иако историски гледано трговската размена е релативно скромна, статистичките показатели ја потврдуваат тенденцијата на нејзино проширување. Според податоците на Опсерваторијата за економска комплексност (OEC World), трговската размена во последните пет години пораснала со годишна стапка од 16,2%. Државниот завод за статистика дополнително покажува дека извозот на македонски производи во Шведска од јануари до мај оваа година достигнал 33,2 милиони евра, додека во текот на 2024 година вкупниот извоз надминал 46,1 милион евра.

Најголем дел од извозот е концентриран во неколку категории: чоколадо, изолирани жици, машки кошули, обувки, зелка, машини за подигање и производи од кожа. Иако македонското вино е добро познато во регионот и пошироко, неговото учество во вкупниот извоз кон Шведска е симболично – само 0,22% во 2023 година. Овие податоци не само што ја рефлектираат структурата на македонската извозна економија, туку и укажуваат на нови бранши кои допрва може да се развиваат. Во споредба со другите скандинавски земји, Шведска се наметнува како далеку најзначаен партнер. Трговијата со Норвешка и Данска е на значително пониско ниво, што укажува на фактот дека продлабочувањето на односите со Шведска претставува најлогичен пат за постепено интегрирање и со другите економии во регионот.

Во моментот на пишување, повеќе од четириесет шведски компании се активни на македонскиот пазар. Тие се распоредени во повеќе индустрии опфаќајќи ги и автоиндустријата, телекомуникациите, медицинската опрема, текстилот, здравствениот, козметиката, но итрговијата. Од друга страна, повеќе од педесетмакедонско-поседувани компании работат во Шведска, најчесто во секторите на гастрономијата, продажбата на автомобили, информатичките технологии и недвижностите. Овој двонасочен интерес укажува на тоа дека постои здрава основа врз која може да се изгради структурирана рамка за понатамошен развој на економските односи.

Македонија – мала земја, голем потенцијал

Македонија, иако по големина мала земја, поседува значаен економски потенцијал кој е се повеќе препознаен од меѓународните организации. Впрочем, Програмата за Развој на Обединетите Нации (UNDP) има идентификувано 13 можности за инвестиции кои би придонеле до остварување на своите цели за одржлив развој во областа на обновлива енергија, одржлива и органска агробизнис култура, одржлива инфраструктура, управување со отпад, здравствени технологии и инвестиции во ИКТ секторот. Овие области се компатибилни со традиционалните интереси на шведските компании, кои се ориентирани кон иновации, зелени технологии и одржлив развој.

Македонија нуди повеќе конкурентни предности за инвеститорите, во споредба со регионот и пошироко, меѓу кои и стабилна економска рамка, 100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, индивидуализиран пристап, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра. Светската банка, уште во 2020 година ја истакна Македонија како земја со ефикасни процедури за отворање нови бизниси и растечки капацитет за инвестиции.

Конкурентната работна сила и пониските трошоци за работниците создаваат поволна економска клима, особено во ИКТ секторот и инженерските дисциплини. Македонија има развиена ИКТ индустрија не само како дестинација за аутсорсинг, туку и како регионален центар за развој на апликации, дигитални решенија и софтверски платформи. Процесот на европска интеграција овозможува делумна стандардизација со европските нормативи, што го олеснува пристапот на македонските производи до европските пазари. Географската положба долж клучните транспортни коридори (Коридор 8 и Коридор 10) овозможува релативно лесна логистичка поврзаност со западна, јужна и источна Европа.

Владата на Македонија дополнително ги поддржува производствените дејности, ИКТ секторот (софтверски развој, склопување на хардвер, дигитална обработка, производство на компјутерски чипови), научно-истражувачките активности и новите технологии со високи еколошки стандарди. За инвеститорите во овие области се обезбедени дополнителни поволности, вклучително и ослободување од обврската за поднесување гаранции за царински долгови. Слободно-индустриската зона во Гевгелија, првата зелена индустриска зона на Балканот, со директна конекција до Солун, Грција и Коридор 10, претставува дополнителна можност. Таа е фокусирана на поддршка на зелени индустрии и инвестициски проекти во напредни технологии, особено во здравствениот сектор и услуги, поддржана од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Од друга страна, македонските компании кои сакаат да навлезат на шведскиот пазар треба да ги следат локалните барања и трендови. Таму фокусот на одржливост или одржлив раст не е само пожелен, туку и императивен. Сертификатите за еколошка усогласеност, ознаките за одржливост и транспарентното потекло на производите се меѓу клучните фактори за стекнување доверба кај потрошувачите. Покрај тоа, силно онлајн присуство и дигитален маркетинг прилагоден на локалните услови е неопходен за успешна промоција на македонските производи.

Целта и функцијата на Шведско-Македонската Стопанска Комора

Токму врз овие предуслови се надоврзува создавањето на Шведско-македонска стопанска комора. Оваа институција е замислена како мост меѓу бизнис заедниците во двете земји, со јасна мисија да обезбеди инфраструктура за поддршка, промоција и развој на деловните врски.Комората активно ќе ги застапува интересите на своето членство пред македонските и шведските владини тела, локалните власти и други административни институции.

Комората ќе ги поврзува македонските и шведските компании преку организирање едукативни настани, деловни мисии, средби помеѓу бизниси, претприемачи, но и важни државни службеници. Таа ќе може да изградидоверба и кредибилитет преку своето институционално присуство, овозможувајќи компаниите да добиваат препораки и сертификација што носи тежина пред потенцијалните партнери.

Комората пренесува информации преку билтени, извештаи, меморандуми и други форми на известување со кои компаниите ќе можат да добијат анализи за локалните пазари, информации за законските регулативи и пристап до експертски мислења. Со тоа се олеснува процесот за фирми кои често не знаат како да го започнат својот настап на странскиот пазар. Комората ќе има и функција на поддршка за стартапи и мали и средни претпријатија. Преку локални ментори и партнерски канали, овие компании ќе можат полесно да навлезат на скандинавските пазари. Дополнително, ќе се поддржуваат програми за претприемништво, иновации и одржлив развој.

Еден од главните двигатели за влез на странскиот пазар е промоцијата. Учеството на саеми, изложби и конференции е средство преку кое компаниите се претставуваат пред потенцијалните клиенти. Комората ќе игра активна улога во организирањето на вакви настапи, што е особено важно за земји како Македонија, чија продукција често има потреба од поширока видливост.

Уште една клучна предност на Комората е експертизата на нејзиниот Одбор. Членовите на одборот имаат повеќе-годишно искуство од различни сектори – од ИКТ сектор, рударство, здравство па сè до автоиндустрија – и се географски лоцирани низ Македонија и низ Шведска. Тие не само што имаат локално знаење за двата пазари, туку и развиени мрежи на контакти кои можат да бидат пресудни за отворање на нови можности.

Со тоа, комората ќе стане платформа која истовремено обезбедува заштита и застапување на интересите на своите членови, ги поддржува економските односи во индустријата, трговијата, земјоделството и услугите, и организира активности кои ја зајакнуваат бизнис врската помеѓу двете земји.

Културна и дијаспорска димензија

Иако економијата е во центарот на вниманието, културната и дијаспорската димензија не смее да се занемарат. Македонската заедница во Шведска брои над 30 илјади луѓе кои се добро интегрирани во шведското општество и економија. Многумина од нив имаат сопствени компании или успешни кариери. Преку комората, тие добиваат нова платформа за да воспостават контакти со македонските фирми, да иницираат заеднички проекти или да инвестираат во својата матична земја. Така, дијаспората може да биде активен економски ресурс, а не само културна врска.

За Крај

Шведско-македонската стопанска комора претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи. Таа ќе создаде институционална основа за континуирана поддршка на компаниите, како во Македонија така и во Шведска, ќе гради доверба и кредибилитет, ќе организира настани и форуми, и ќе ја промовира Македонија како атрактивен партнер во Шведска. Преку својата улога во градење на контактипомеѓу разни бизниси и претприемачи, поддршка на иновации и трансфер на знаење, комората ќе придонесе кон зголемена трговска размена и поширока економска соработка, отворајќи пат и за продлабочување на економските врски со другите скандинавски држави.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

To top