Македонија

СИ-ЕН-ЕН: Трамп ќе ги напаѓа наводно картелите за дрога во Венецуела, но за да го принуди Мадуро да ја напушти претседателската функција

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави „почеток на обука на милицијата за одбрана на земјата“, што предвидува вклучување на граѓаните во националниот одбранбен систем, „за да спречи ‘империјата’ (САД) да се меша во работите на земјата“.

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за напади наводно врз нарко картелите во територијата на Венецуела како дел од пошироката стратегија за притисок и ослабување на претседателот Николас Мадуро, тврди СИ-ЕН-ЕН, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

„Претседателот Доналд Трамп разгледува различни опции за воени напади врз нарко-картелите што работат во Венецуела, вклучително и потенцијално погодување цели во земјата како дел од поширока стратегија за ослабување на лидерот Николас Мадуро“, се вели во извештајот на СИ-ЕН-ЕН.

Според изворите, не е донесена конечна одлука, но напади врз венецуелска територија се можни во иднина со цел да се принуди Мадуро да ја напушти функцијата. „Претпочитаниот тек на дејствување на Мадуро е сам да си замине, да ја предвиди иднината. А потоа, мислам дека пораката ќе биде: ‘Дали го сакате лесниот или тешкиот пат?’“, го цитира телевизијата еден од своите неименувани соговорници. Трамп во петокот изјави дека во неговата администрација сè уште нема разговори за промена на режимот во Венецуела. 

Во тој контекст венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави почеток на обука на милицијата за одбрана на земјата, што предвидува вклучување на граѓаните во националниот одбранбен систем. Ден претходно, тој го објави почетокот на функционирањето на единиците на локалната милиција базирани на 15.000 позиции на народната одбрана низ целата земја.

Во август венецуелскиот претседател ја изрази својата намера да ја користи боливарската милиција за да спречи „империјата“ (САД) да се меша во работите на земјата. Мадуро го објасни масовното повикување на милицијата како дел од националниот план за заштита на суверенитетот и мирот, што вклучува зајакнување на територијалните одбранбени сили и спротивставување на надворешните закани. Според него, повикувањето на милициите и резервистите се спроведува како одговор на агресивната реторика на САД, кои распоредија воени бродови близу венецуелските територијални води и веќе извршија напад врз едно венецуелско пловило тврдејќи дека наводно им припаѓало на наркокартелите.

Прретходно на 19-ти август портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги употреби „сите елементи на американската сила“ за борба против трговијата со дрога, без да ја исклучи можноста за воена операција во Венецуела. Изјавата беше дадена, откако американските воени бродови беа испратени кон бреговите на Боливарската Република, вклучувајќи ракетен крстосувач и нуклеарна јуришна подморница, за кои се верува дека превезуваат четири илјади маринци. Каракас ги нарече овие чекори провокација и обид за дестабилизација на ситуацијата во регионот, како и кршење на меѓународните договори за демилитаризиран и нуклеарен статус на карипскиот регион.

На 8-ми август американската државна обвинителка Пам Бонди објави награда од 50 милиони долари за информации, што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Таа награда првично беше одредена на 15 милиони долари во 2020 година, кога американските обвинители го обвинија Мадуро за наводна трговија со дрога. Беше зголемена на 25 милиони долари во јануари 2025 година, кога Мадуро положи заклетва за третиот мандат, заедно со новите американски санкции против високи венецуелски функционери.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top