Македонија

Сиљановска-Давкова на Илинден: Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет?

Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците?

Во честитката до граѓаните македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова
го честита големиот национален празник и реторички прашува кога ако не сега да се оправда аманетот од комитите и партизаните.

,,Драги сограѓани,

За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници.

Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата!

Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за соочување и прифаќање на личната жртва како неминовна”, порачува Сиљановска-Давкова за која илинденската епопеја е македонска битова драма.

,,Низ крвавите страници на тешката историја, испишани со Делчевата мисла, Каревата републиканска визија, Питугулиевата саможртва, Чентовиот трибунски дух и делата на бројни знајни и незнајни јунаци, натопени со реки од солзи, се градеше и обликуваше македонската република.

Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци.

Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет?
Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците?

Каква Република ќе им оставиме на нашите сакани деца и внуци?
И денес, почитувани граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, партиската или друга припадност, мора да ја разбудиме илинденската и асномската совест и свест, влегувајќи во неминовна и неодложна борба за нашата заедничка македонска, европска, демократска република, како правна држава заснована врз начелото на поделба на власта и ефективни спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, одлучна да ги победи насилството, корупцијата и криминалот, со компетентна, етичка и ефикасна администрација, развиено цивилно општество вклучено во процесот на одлучување и објективно новинарство, бескомпромисно во одбраната на општото добро.

Да ја градиме македонската држава како дом на среќни граѓани.

Честит Илинден”, се вели во честитката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за Илинден.

Претседателката денеска на Илинден ќе се поклони на спомениците на АСНОМ и Никола Карев а ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Илинден е темелот на современата македонска држава

Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава

Г.Г. Стефан: Само обединет народ може да ги зачува својата слобода, идентитетот и држава

Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 година го потврдил правото на сопствена држава, а независноста во 1991 година ја заокружила современата македонска државнос

To top