Македонија

Сиљановска-Давкова промовираше иницијатива која има поширока општествена цел од образовната

Целта е создавање поактивни, посвесни и поздрави генерации

Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, информира кабинетот на претседателката на Македонија.

Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 до 14 години.

Деца од предучилишна возраст, како и ученици од основното и средното образование учествуваа во бројни спортско-рекреативни содржини: физички вежби, тимски игри, музички и танцови изведби, како и атлетска трка што ја донесе натпреварувачката возбуда и радост, стои во соопштението од кабинетот.

При обиколката на групите, распоредени според возраста и интересите, претседателката со особено внимание ги проследила активностите, изразувајќи искрено задоволство од ентузијазмот, посветеноста и позитивната енергија на учесниците.

Според неа, иницијативата го покрива не само само образованието, туку има поширока општествена цел: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации.

„Она што нè обединува сите е квалитетното образование, физичката култура и доброто здравје“, изјавила претседателката.

За неа, има насушна потреба од поздрав модел на живеење, во којшто младите ќе бидат физички поактивни, подолго ќе престојуваат во природата, третирајќи ја како рамноправен партнер, и кон сопственото здравје ќе се однесуваат како кон највреден личен и социјален капитал.

Говорејќи за значењето на физичкото образование, Сиљановска-Давкова нагласи дека спортот истовремено и подеднакво ги зајакнува телото, умот, карактерот и духот.

Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, поздравувајќи ја идејата на Сиљановска-Давкова, за спортско-културен настан во дворот на Кабинетот, ги образложи мотивите на иницијативата со очекување на добри резултати преку интензивна институционална соработка.

За него, основната причина за физичка активност е градењето здрава нација, неопходна не само во нижењето успеси во спортот, туку и како движечка сила на економскиот и севкупниот општествен развој.

Деканот очекува дека заедно со експертски групи од Хрватска и Словенија, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука, како и Владата, веќе по три години ќе имаме видливи резултати со коишто ќе се гордееме, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top