Македонија

Силен ветер и бранови предизвикаа штета во Љубаништа и Трпејца(ВИДЕО)

Последиците од невремето се видливи и во Трпејца, каде што силните бранови целосно ја покриле плажата и стигнале сè до првиот ред куќи покрај брегот, оставајќи драматични сцени.

Силниот ветер и високите бранови предизвикаа голема материјална штета на охридското крајбрежје. Во Љубаништа, повеќе од 30 пловни објекти биле откорнати од своите места и исфрлени на брегот.

Како што се гледа на видеата објавени од „ОхридСкај“, чамците и другите пловни објекти се насукани на песокот, додека дел од нив се превртени поради силниот ветер и високите бранови.

Последиците од невремето се видливи и во Трпејца, каде што силните бранови целосно ја покриле плажата и стигнале сè до првиот ред куќи покрај брегот, оставајќи драматични сцени.

Најнови вести од: Македонија

To top