Македонија

„Силјан“ се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес

Најдобар документарен филм и најдобра камера

Документарниот филм „The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера.

– Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот – изјави Котевска

Наградата за најдобра камера оди во рацете на кинематограферот на „Приказната за Силјан“ – Жан Дакар (Jean Dakar) која несомнено придонесува за целокупниот артистичен израз на филмот.

IDA признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и се сметаат за еден од најсилните индикатори за успех во оскаровската трка. Добитниците многу често се наоѓаат меѓу номинираните, но и меѓу добитниците на Оскарите.

Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува во претстојната оскаровска сезона. Потесниот избор за Оскарите (short listed) ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година.

Филмот, откупен од National Geographic Documentary Films, веќе предизвикува силен меѓународен интерес и го поставува македонското документарно творештво на значајно место во глобалниот филмски простор.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Понекогаш е непријатно летањето со старото владино „авионче на браќата Рајт“!

„Владиното авионче моите колеги-претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро’.“ – ече денеска претседателката на Република МакедонијаГордана Сиљановска Давкова во одговор на поставено новинарско прашање.

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top