Македонија

Сиљановска-Давкова: Исклучително е важно институциите да ги поддржат македонските и странските поети, кои творат на македонски јазик

Средба на шефицата на македонската држава со вршителот на должноста директор на Струшките вечери на поезијата Никола Кукунеш и добитниците на највисоките награди за 2025 година – Иван Штрпка од Словачка, носител на „Златниот венец“, Матеуш Шимчик од Полска, добитник на наградата „Мостови на Струга“, и Јулијана Величковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“.

„Денес во Струга и насекаде околу нас зборот нè зближува, ни дава сила да славиме, да тагуваме, да комуницираме и да се разбираме. Затоа е од исклучителна важност зборот на нашите поети и на странските поети, кои творат на македонски јазик, да биде слушнат, да биде поддржан и да биде претставен од институциите. Со тоа ќе се засили поддршката за македонската поезија и ќе се збогати една од главните вредности на човечката цивилизација.“нагласува претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во својата објава на фејсбук по вчерашната средба со делегацијата на раководството на Струшките вечери на поезијата во резиденцијата во Охрид.

Како што истакна Сиљановска-Давкова, дружењето со господарите на зборот поетите покрај брегот на Охридското Езеро е посебно естетско и духовно доживување. Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од вршителот на должноста директор Никола Кукунеш, заедно со добитниците на највисоките награди – Иван Штрпка од Словачка, носител на Златниот венец, Матеуш Шимчик од Полска, добитник на наградата Мостови на Струга и Јулијана Величковска, добитничка на наградата Браќа Миладиновци’.“ – посочи шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова на општествената мрежа.

Според неа, опишувајќи го светот од свој агол, поетите нудат почовечна реалност. Несомнено, Струшките вечери на поезијата ја збогатуваат светската книжевна ризница со сѐ посилно темпо. Поетите со својата моќ го опишуваат светот од сопствен агол и нудат  поубава, почовечна и побогата реалност. – додаде македонската претседателка Сиљановска-Давкова по вчерашната средба со делегацијата на раководството на Струшките вечери на поезијата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top