Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими министерката за европски и меѓународни работи на Австрија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова јаприми со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области. Претседателката, напоменувајќи дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, […]

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова јаприми со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области.

Претседателката, напоменувајќи дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, со над 50 компании во државава, укажа на потенцијалот за продлабочување на економската соработка, особено во областа на обновливите извори на енергија, во инфраструктурата и во образованието.

Министерката Беате Мајнл-Рајсингер го посочи туризмот како гранка во чиј развој, австриското успешно искуство може да ни биде од голема помош.

Гордана Сиљановска- Давкова укажа на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон Брисел, условен од билатерализацијата на процесот на евроинтеграција и двојните стандарди за членство, понекогаш спротивно на темелните вредности и принципи, утврдени во конститутивните документи на ЕУ.

Потенцирајќи дека Западниот Балкан беше и останува приоритет и на новата австриска Влада, министерката Мајнл-Рајсингер истакна дека без Западно-балканскиот регион, Унијата не е целосна. Посочувајќи ја Австрија како наш силен поддржувач, таа потврди дека македонската иднина е во Европската Унија, како и дека разговорите за решавањето, но и пронаоѓањето на самото решение на овој неоснован билатерален спор, би сакала да се случат во Виена.

Изразувајќи ја својата искрена благодарност за солидарноста и помошта по трагедијата во Кочани, Сиљановска-Давкова рече дека Австрија уште еднаш докажа дека е наш искрен пријател и партнер.

Постигната е согласност дека е време за посета на највисоко ниво, во Скопје, или Виена.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top