Македонија

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда. Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто […]

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.

Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.

Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет.

Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни.

Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН.

Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктурата.

-За да го премостиме јазот меѓу амбицијата и реалноста, потребен ни е пристап до фер финансирање и партнерства за соработка. На нашето патување кон подобра иднина, доверливи партнери како што се агенциите на ОН и агенциите за развој на земји како Австрија, Германија, Јапонија, Словачка, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и други чекорат со нас. Тие носат искуство, ресурси и поддршка за зајакнување на нашите заедници со тоа што помагаат да се осигура дека секој проект навистина ќе стигне до луѓето. Во исто време, инвестициските банки ни помагаат да ги претвориме идеите во опиплив напредок. Преку Фондот за зелено финансирање, Европската банка за обнова и развој промовира правична енергетска транзиција и нè поддржува да се справиме со загадувањето на воздухот и климатските промени. Светската банка се фокусира на намалување на сиромаштијата, здравствената заштита и образованието. Европската инвестициска банка инвестира во одржлива инфраструктура и климатски иницијативи, придонесувајќи кон иновациите и целите за климатска акција, рече претседателката.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

To top