Македонија

Сиљановска-Давкова откри огромна аномалија во ,,Францускиот предлог” и барањето за промена на уставот

Меѓу апсурдите е и најчудниот уставен член што го прочитала претседателката во својата професорска кариера

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање пред Собранието откри огромна аномалија во ,,Францускиот предлог” и барањето за промена на уставот.

Сиљановска Давкова праша како би фунционирал Комитетот за односи меѓу заедниците, кој според предлогот на владата на СДСМ треба да има 43 члена.

Таа бара тие што го дале овој предлог да се замислат како ќе работи Комитетот, ако Законот бара присуство на 2/3 од членовите, а се бара апсолутно мнозинство за одлучување.

Таа посебно го анализира приблемот со делот од уставниот амандман, предложен од СДСМ и ДУИ, кој предвидува ако некоја заедница нема пратеник во Собранието, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.

Овие луѓе, кои треба да решаваат за клучни уставни прашања, воопшто нема да имаат изборен легитимитет, меѓу редови предупредува претседателката и посочува на апсурдноста на договорот, кој предходно го постигнале СДСМ и ДУИ без да направат консензус во земјата.

Овој дел од обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред Собранието во продолжение:

Пораката што ја праќам денеска, од ова Собрание е дека без јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија и без соодветни заштитни механизми, со уште една уставна промена, ние ризикуваме од овој процес да излеземе како што старецот на Хемингвеј излезе од морето: со костур од риба, со соголен, изглодан суверенитет и идентитет, национален и културен. Ова прашање бара внимателно одмерување на секој чекор, бидејќи гледаме до каде нè доведоа „храбрите“ одлуки: во Хакслиевиот храбар свет! Замислете, ве прашувам, како ќе функционира Комитетот за односи меѓу заедниците со 43 члена? Замислете како ќе работи, ако Законот бара присуство на 2/3 од членовите? Замислете како ќе се обезбеди апсолутно мнозинство за одлучување! Не заборавајте го најчудниот уставен член што сум го прочитала во мојата професорска кариера, дел од амандманот XII: „Ако некоја заедница нема пратеник во Собранието, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници, каков уставен речник, на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот?! И така одлуки ќе носат покрај избраните, и неизбраните.

Најнови вести од: Македонија

Патиштата проодни, службите на терен – стабилно во Македонија по снежните врнежи

Сè уште е во сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека. До пладне сите патни правци на територијата на Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата на патиштата.

To top