Македонија

Син на еден од најбогатите Македонци со боксови нападнал татко и брат на екс сопругата на која не успеа да и го земе детето

Откако Врховниот суд ја утврди незаконската шема на повеќе судии и социјални работници и детето го врати кај мајката по што постапката ќе почне од почеток

Син на еден од најбогатите Македонци со боксови нападнал татко и брат на екс сопругата на која не успеа да и го земе детето , јавуваат повеќе медиуми.

Синоќа на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат.

Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив, објавува Република.

 

Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.

 

Инаку, поранешниот сопруг на Невена е познат и по претходен инцидент во кој имало напад врз пратеничката Славјанка Петровска.

 

Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи животот како законски старател.

Екс сопруг на Невена е  Спасе Спасески менаџер на една од најбогатите македонски компании инаку син на Перо Спасески охридски бизнисмен.

Иако преходно Спасе е осуден за семејно насилство тој со сомнителни одлуки на судот и центарот за социјална работа во Охрид и апелација во Битола успеа да добие пресуда со која му беше доделено четиригодишно дете.

За среќа Врховниот суд ја утврди незаконската шема на повеќе судии и социјални работници и дете го врати кај мајката по што постапката ќе почне од почеток.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top