Македонија

Скандал: „Аналитичарот“ Мехази повикува да се подели „РСМ“ на албански и македонски дел, „зашто никој не ја сака, дури ниту Македонците“?!

Дали и како ќе реагираат надлежните државни институции во Република Македонија по ваквиот јавен повик за уривање на нејзиниот територијален интегритет, но имајќи ги предвид и сериозните квалификации за „нереагирањето на НАТО и да се пролее крв во државата“, како и етничките навреди дека „Македонците се Славосрби“?

Политичари од С.Македонија, можете ли да ги чуете граѓаните дека никој не ја сака оваа земја, ниту Албанците, ниту Македонци? Затоа, здружете се и поделете ја С.Македонија на два дела: Албанците од една страна, Македонците од друга страна и секој нека си работи за себе. Зашто, не се прави држава со Македонци и Албанци, кои не се сакаат едни со други!“ – наведува Сулејман Мехази од Тетово во својство како „аналитичар“, во својата скандалозна колумна со наслов „Дури ни самите Македонци не ја сакаат С.Македонија“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“.

Натаму Мехази наведува: „Велите дека не може да се подели затоа што е членка на НАТО, но НАТО не се грижи за внатрешната политика на РМВ, но дури и да се пролее крв внатре во РМВ, НАТО нема да реагира, затоа што мисијата на НАТО е да ја заштити С.Македонија однадвор, а не од албанско-македонските политички проблеми.“

„Вие, албански политичари, не молете ги Македонците да живеат со нас, тие не нè сакаат, а зошто ние да ги сакаме?! Не плашете се и однесувајте се храбро како што им доликува на Албанците, а географската и геостратегиската положба е на страната на албанските граѓани во С.Македонија, која  освен Србија, никој не ја сака околу границите: Грција не ја сака оваа република, Бугарија не ги сака, потоа на границата има и Албанци од Косово и Албанија. Македонците се Славосрби, затоа се согласуваат само со својот геноциден сосед Србија.“

„Ако се случи во српските села во Куманово РМВ да биде нападната од српски терористи, како во Бањска на Косово, сигурни сме дека мнозинството Македонци од се срце би ги поддржале терористите на Стоилковиќ и Вучиќ во Куманово.“

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top