Македонија Хроника

Скандал во Скопје: Фабрика за стиропор излеа хемикалија на улица

Град Скопје се огласи по тешкиот еколошки инцидент во Кисела Вода, кога црно масло се излеа од атмосферската канализација на булевар. Во населбата Пинтија во Кисела Вода, како што објави Плусинфо од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот. […]

Град Скопје се огласи по тешкиот еколошки инцидент во Кисела Вода, кога црно масло се излеа од атмосферската канализација на булевар. Во населбата Пинтија во Кисела Вода, како што објави Плусинфо од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот.

  • На лице место се екипи на Територијалната противпожарна служба, со цел изолирање на инцидентот, како и инспекторите од Град Скопје, кои составија записник за хаваријата. За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот. Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, а правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес“, информираше Град Скопје.

За овој објект, кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство, со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, се додава во соопштението од Град Скопје.

Плусинфо објави дека црно масло од непознато потекло е излеано на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода и тоа од атмосферската канализација. Според очевидците, возилата го разнеле по асфалтот, кој станал лизгав и опасен.

  • Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеватор Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, одговори полицијата на прашање на Плусинфо.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

To top