Македонија

Скопјанец 55 години има желба да му ја скрши главата на претседателот на СМК

“Верувале или не на 55 години желба ми е на Тодор Петров некогаш и некаде да му ја скршам главата”, стои во заканата.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров предупредува дека македонски граѓанин имал желба да мубја скрши главата.

Петров го објавува идентитетот на лицето кое имало желба да му ка скрши главата но и идентитетот на сите кои ја поддржуваат идејата која може да заврши со смрт.

,,Сум добивал многу закани, имало и обиди за атентати во сообраќајот, за тоа во друга прилика. За крстот во Аеродром добивав смртни закани од борци на ИСИС од Македонија дури од Сирија. Бев физички нападнат за крстот во Бутел, по мене маваа 17 луѓе, го затворивме тој случај, им простив на сторителите. Подоцна, повеќе “наши“ се ситеа заради физичкиот напад врз мене, отколку “другите“. Има некои кои и денес се закануваат.

Еве да го направиме еден потенцијален убиец славен, извесен Драган В***, кој откога “ме најаде“ со се’ и сешто на мојот личен профил на фејсбук за колумна насловена “Чавушоглу контра Филипче“, на неговиот личен профил напишал:

“Верувале или не на 55 (педесет и пет) години желба ми е на Тодор Петров некогаш и некаде да му ја скршам главата.“

Петров ги наведува имињата на сите кои го поддржале Драган В. во желбата да му ја скрши главата на Петров.

,,Лајкови добил од Сања Сањичка, Ромина Пупучевски, Зорица Мијовиќ, Живко Лотески, Бисера Николиќ, Бети Николенко, Бети Балова, Димитриевска Олги Олгица, Михајло Мики Тодоровски, Филип Маркоски, Виде Жупањац, Софија Липа, Димче Смилев, Јулијана Штрковска Колариќ, Зорица Костовска, Дали Бобо Папаз. Александра Магдинчева му честита роденден и посакува да му се исполни желбата да ми ја скрши главата. Дали Бобо Папаз имала желба на повеќе од еден да им ја скрши главата. Билјана Костовска посакува да му се исполни желбата годинава. Овие ментално болни души, би биле во прв ред да има јавна клада, на која живи би се гореле неистомисленици како во времето на инквизицијата. А сигурно се членови и на некои политички партии. Еден Заев пред да дојде на власт јавно се закануваше дека ќе јаде живи луѓе. Тоа е таа ментална матрица.

Со која злоба и омраза за одмазда е полна главата на овој Драган Влав и неговите пријатели, чудо на природата. Ама еве, заради оваа закана, нека се позанимава со него и Министерството за внатрешни работи. Животот крие многу скриени убијци, еве еден со декларирана намера, законот да го смести со време каде што му е местото на превоспитување. А, во секојдневниот живот глумат мирољуби, човекољуби, дружељуби…”, пишува Петров.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top