Македонија

Скопјани максимално разочарани од Арсовска, спас гледаат во новиот градоначалник

Повеќе канти за отпадоци, нови автобуси, повеќе зеленило и паркови, луна парк за најмалите, спортски игралишта. На скопјани им недостига чиста метропола, со среден јавен превоз каде ќе можат да живеаат подобро, онака како што се живее во подалеку поразвиените земји. Граѓаните оптимисти дека по локалните избори главниот град повторно ќе се врати во нормала […]

Повеќе канти за отпадоци, нови автобуси, повеќе зеленило и паркови, луна парк за најмалите, спортски игралишта. На скопјани им недостига чиста метропола, со среден јавен превоз каде ќе можат да живеаат подобро, онака како што се живее во подалеку поразвиените земји. Граѓаните оптимисти дека по локалните избори главниот град повторно ќе се врати во нормала и ќе се решат најгорчливите проблеми со нехигиената и хаотичниот сообраќај во градот.

Дел од граѓаните разочарани од актуелната градоначалничка, велат спие во зимски сон, а градот наликува на змијарник со неискосени треви насекаде. Децата да има каде да си уживаат слободно, си посакаа самите. Денеска во Градскиот парк со нивните наставнички уживаа во убавото време.

Актуелната градоначалничка вети пет мега паркови во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. Нови еколошки автобуси како и бесплатен јавен превоз, но граѓаните го добија обратното: останаа на улица, а возачите без плата.

Исто така, нема ниту трага од најдобриот, како што таа го најавуваше, луна парк на Балканот, но и од новите пет булевари. Листата со ветувања на Данела Арсовска е долга, но страните на реализација останаа неиспишани.

-Се бројат месеците до локалните избори, скопјани се уште имаат надеж за подобро и поквалитетно Скопје и бараат што поскоро да се решат проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top