Македонија

Скопје добива институт „Сервантес“ во Скопје, Сиљановска-Давкова доби марама инспирирана од романот „Дон Кихот“

Од шпанскиот гостин претседателката добила марама со илустрации од историското издание на романот на Сервантес, се наведува во соопштението

Во пресрет на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го примила Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје.

,,Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 година и на шпанскиот лауреат Хусто Хорхе Падрон, кој ќе остане запаметен по извонредните стихови посветени на Струга. За претседателката, Институтот „Сервантес“ одигра клучна улога во развојот и промоцијата на шпанскиот јазик и култура, за што Луис Гарсија Монтеро има особена заслуга. Потенцирајќи ја важноста на шпанско-македонската културна поврзаност и соработка, гостинот посочи дека Институтот „Сервантес“ потпишал Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје”, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Соговорниците оцениле дека отворањето на Институт „Сервантес“ во Скопје, на чија реализација активно работат Монтеро и амбасадорот Ортиз, би овозможило продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

Гостинот изразил заложба за отворање Катедра за шпански јазик во рамките на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и проширување на употребата на шпанскиот јазик во македонскиот образовен систем.

Средбата завршила со размена на подароци инспирирани од „Дон Кихот“. Претседателката на Монтеро му подарила монографија со слики на Владимир Георгиевски, меѓу кои и оние од циклусот посветен на „Дон Кихот”, а од шпанскиот гостин доби марама со илустрации од историското издание на романот на Сервантес, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Инспекцијата презема конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци во ревизорскиот извештај

По стапувањето на должност директор на Државниот пазарен инспекторат, од наша страна беа согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува институцијата. Токму поради потребата од целосен и независен увид во состојбите, беше поднесено барање за спроведување ревизија, вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, во врска со ревизорскиот извештај.

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција

To top