Македонија

Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

годинашното издание се одржува под мотото „…AND BEYOND“, со цел да поттикне научна размена, практично учење, меѓународна соработка и унапредување на медицинското образование

Студенти по медицина и биомедицински науки, професори, лекари и истражувачи од земјава и странство ќе учествуваат на четвртиот Меѓународен конгрес на Факултетското студентско собрание (4th ICOF), кој ќе се одржи од денеска до 18 октомври во Скопје.

Конгресот е во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а годинашното издание се одржува под мотото „…AND BEYOND“, со цел да поттикне научна размена, практично учење, меѓународна соработка и унапредување на медицинското образование.

На отворањето на конгресот ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска

Програмата вклучува предавања од домашни и меѓународни професори, интерактивни панели, научни презентации и практични медицински работилници.
МИА

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

Рокас: Оваа година има поголем напредок наспрема 2025, но не се завршени уставните промени, договорени во 2022

– Во овогодинешниот извештај е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, како и во преземањето чекори во владеењето на правото – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

Мицкоски: ЕУ-извештајот во 2026 е подобар од 2025, немаме недостиг на реформи, туку наметнат билатерален спор, кој е хендикеп за евроинтеграцијата

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите е подобар од минатогодишниот, посочувајќи дека во него нема ниедна оценка за назадување, а во две преговарачки поглавја е забележано зголемување на нивото на подготвеност за членство во Европската Унија.

To top