Македонија

Скопје ќе блесне за Нова Година

Ќе бидат обезбедени средства за украување на главниот град и за организација на новогодишна прослава

 

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Скопје ќе добие новогодишна прослава каква што му доликува – градот ќе биде украсен, а граѓаните ќе имаат вистински пречек на Новата година..

„Во програмата првично не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе обезбедиме средства за китење на главниот град и за организација на прославата. Конечно, Скопје ќе изгледа онака како што заслужуваат неговите граѓани“. изјави Ѓорѓиевски во гостувањето на Македонската радио-телевизија.

Тој потенцираше дека оваа година Скопје ќе добие празничен сјај достоен за секоја европска метропола, со што ќе се врати духот на заедништво и позитивна енергија пред новогодишните празници.

Најчитана вест

Данела е бучна и нервозна, се ближи правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top