Македонија

Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во екс-Југославија, 360.589 патници повеќе во споредба со истиот период лани

Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината, пишува порталот „Екс-ју авиејшн“.

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година,  а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината, пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, аеродромот во главниот македонски град е најбрзорастечкиот  во регионот, опслужувајќи дополнителни 360.589 патници во споредба со истиот период минатата година.

  • Само во мај, Скопјe забележа зголемување од 28,6 проценти во бројот на патници, опслужувајќи 355.929 патници. Растот е поттикнат од широката експанзија на „Виз Ер“ во земјата – се вели во објавата.

Според податоците на „Екс-ју авиејшн“, Белград остана најпрометниот аеродром во поранешна Југославија, додавајќи 255.376 патници во периодот јануари-мај и покрај тоа што, наведуваат, се соочи со неколку пречки, вклучително и намалувањето на услугите од страна на авиокомпаниите од Блискиот Исток, меѓу кои и една од најпрометните авиокомпании, Флајдубаи.

  • На другите места, по неколку години силен раст на патници, Приштина забележа намалување на бројките. Само во април, бројот на патници се намали за 4 проценти на годишно ниво. Се очекува аеродромот да се соочи со дополнителен притисок во наредните месеци поради значително намалување на фреквенцијата и намалување на мрежата од страна на неговиот најголем авиопревозник, GP Aviation. Во меѓувреме, помалите хрватски крајбрежни аеродроми беа погодени од суспензијата на домашните летови од Обврската за јавна услуга (PSO) што ги извршува Trade Air, откако хрватската влада не успеа да го започне тендерскиот процес за нов четиригодишен договор за домашни услуги во рамките на потребниот временски рок. Јавен повик сè уште не е објавен, но Trade Air најави продолжување на домашните летови до средината на јули – пишува „Екс-ју  авиејшн“.

Скопскиот и охридскиот аеродром во првата половина од годината превезоа речиси два милиона патници, а надлежните институции очекуваат двата аеродроми годинава да ја завршат со над 3,5 милиони патници и оти набргу ќе имаат и 4 милиони.

  • Како резултат на владините политики во авиосообраќајот и отворените 28 нови авиолинии, скопскиот и охридскиот аеродром се најбрзорастечки во своите категории во регионот – изјави минатата недела вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28 проценти во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6 проценти повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6 проценти повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top