Македонија

Слабите комунални услуги причина за пластичниот отпад во Вардар, велат надлежните

Министерството за животна средина посочува и дека во моментов Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина

Откако вчера во медиумите се објавија фотографии и видеа на кои се гледа како илјадници пластични шишиња и останат отпад пловат по течението на реката Вардар, особено во Тетово и во центарот на Скопје, денеска со соопштение излезе и Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму велат дека причина за ваквата состојба се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини.

  • „Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби“, се вели во соопштението од МЖСПП.

Од ресорното министерство велат дека заедно со Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на потребата од постојано следење на состојбите со управување со отпадот и засилено присуство на општинските интереси на терен.

  • „Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животна средина“, информираат од ресорното министерство.

Апелираат до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и дејствување во насока на чистотата на реките и водните текови.

Порталот „Тетово инфо“ објави видеоснимка од Вардар во близина на тетовското село Копанце, на која се прикажани илјадници шишиња и друг отпад по течението на реката.

Причината за енормната загаденост на реката, најверојатно, е подигнатото ниво на Вардар по обилните врнежи изминатите денови и повлекување на отпадот од брегот. Граѓани на социјалните мрежи реагираа за слична ситуација и по течението на Вардар во Скопје.

За ситуацијата алармираше и независната советничка во Општина Карпош, Татјана Стојановска, која на својот фејсбук-профил објави и видеоснимка од зголеменото ниво на пластичен отпад во Вардар.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top